За потеклото
Маслодајната палма расте и успева во услови на тропска клима, на топло и врнежливо време. Органското палмино масло на HiPP потекнува од одржливи и сертифицирани плантажи на Еквадор и Колумбија. Тие се засадени на поранешни пасишта и земјоделски земјишта, што значи дека не се сече тропска шума, затоа што зачувувањето на биодиверзитетот е наш приоритет. Локалните мали фарми добиваат редовен приход. Плодовите на палмите се собираат и преработуваат во масло во текот на целата година.