Skip to main content

Овошни дрвја

 

Овошните дрвја се среќаваат насекаде по светот-освен на многу студени места. Многу од познатите сорти му припаѓаат на семејството Rosaceae и даваат плодови како што се: јаболка, круши, цреши, сливи и многу други. Сепак, овошните дрвја не не снабдуваат само со вкусни плодови. Тие се и идеални живеалишта на: птици, глувци, ежови, мов, лишаи, бубачки и многу загрозени инсекти. Овие животни помагаат дрвјата да бидат здрави, како на пример, европскиот зелен клукајдрвец, кој јаде многу штетни инсекти. Овошните дрвја се добар извор на храна за: пеперутки, пчели, бумбари и други инсекти.


За разлика од јаболката, црешите не продолжуваат да зреат откако ќе се наберат.

Во текот на есента, овошните дрвја ги испуштаат лисјата за да се подготват за зимата, односно влегуваат во фаза на мирување. Напролет, тие се враќаат во живот и никнуваат нови листови и цветови.