Подготовка на HiPP органски житни каши
HiPP органските житни каши можете да ги подготвите на многу различни начини за да обезбедите разновидна исхрана. Подгответе ги со HiPP млечна формула и ќе добиете здрав и заситувачки млечен оброк со житарки, или пак со вода и додадено овошје за да добиете вкусен попладневен оброк.
Подготовка со млечна формула
- Ставете свежа вода за пиење да зоврие и оставете да се олади до 50˚C1. Подгответе приближно 200ml од HiPP млечната формула која моментално ја користите (како кога подготвувате шише млечен оброк).
- Ставете ја препорачаната количина од HiPP органските житни каши (според таблицата на соодветното пакување) во чинија.
- Додадете ја подготвената млечна формула и промешајте.
- Оставете да се натопи додека да ја постигне потребната густина. Проверете ја температурата.
Подготовка на овошна каша без млеко
Ставете 100ml вода да зоврие и потоа оладете ја до приближно 50˚C1. Ставете во чинијата 2 полни супени лажици (~11 g) од HiPP органските житни каши, додадете ја водата и промешајте. Додадете 100g од HiPP овошје (пр. HiPP Круша Вилјамовка) и една лажичка масло од репка и потоа промешајте. Оставете да се натопи додека да ја постигне потребната густина. Проверете ја температурата.
Подготовка на полумлечна каша
Ставете 100 ml полномасно млеко и 100 ml вода2 во сад и зовријте. Оладете до 50˚C1. Ставете 3 - 4 супени лажици (22g) од HiPP органската житна каша во чинија. Додадете ја претходно оладената течност и промешајте. Оставете да се натопи додека да ја постигне потребната густина. Проверете ја температурата.
1 За совршена растворливост: не користете премногу топла вода за подготовка на житната каша.
2 Додавањето на вода е неопходно за да се намали содржината на протеини од кравјото млеко до ниво кое е соодветно за деца!