Развој на говор и јазик
Овде Ве снабдуваме со преглед на фазите од говорот на Вашето бебе и развој на јазикот.
Внимание: развојот на говор и јазик е многу различен кај секое дете. Датите се само општи референтни точки. Ако имате некаков сомнеж во врска со развојот на Вашето бебе, Ве молиме консултирајте се со Вашиот педијатар.
| Возраст (прибл.) | Разбирливост на говор | Развој на говор и јазик |
| 0-1 месец | Од звукот на Вашиот глас Вашето бебе може да го препознае Вашето расположение | Плачење |
| 2-3 месеци | Цивкање, гугање | |
| Од 3 месеци | Вашето бебе „одговара“ кога му зборувате | Смеење, пробување звуци со звучни гласови, цивкање, шептење |
| 7-9 месеци | Може да разликува помеѓу различни видови на реченици(прашање, барање, итн); Вашето дете одговара со различни тонови и звуци | Муабетење, синџири со слогови, дуплирање на слогови „да-да“ |
| 9-13 месеци | Детето разбира едноставни барања („подај ми ја колата“); ја тресе главата за „не“ | Први зборови, дуплирање на слогови со значење: „мама“, „тата“ |
| 8-20 месеци | Речник од 50-200 зборови | |
| 20-24 месеци | Реченици од 2 збора „Петар уморен“ | |
| 2½ години | Неформирани реченици со повеќе зборови; себе-нарекување со „јас“ | |
| 3 години | Детето може да следи кратка приказна | Силно зголемување на речникот. Втора возраст на прашување (кој, како, што, зошто) |
| 4 години | Сите звуци ги изговара правилно (исклучок с, ш,ж, р и л) |
Можете да му помогнете на Вашето дете во развојот на говор и јазик со зборување со него секогаш кога можете. Раскажувајте приказни, гледајте книги со слики заедно и зборувајте за тоа што го гледате и слушате заедно, и што правите. Слушајте активно и секогаш дозволувајте му да ја завршува реченицата.
Одговорете на сите прашања на детето, дури и тогаш кога изгледа дека немаат крај. Не го корегирајте детето кога нешто изговара погрешно, наместо тоа повторувајте ја точната реченица почесто. („Топката скишена“ – „Да, топката е скршена“)