
Оброци на растителна основа
Ново и единствено од HiPP!
Дохрана на база на растителни протеини
Сѐ повеќе млади родители се одлучуваат за исхрана на растителна основа – најчесто поради здравствени придобивки, грижа за животните и свеста за животната средина.
Со години развиваме производи кои се прилагодени на вкусот и потребите на бебињата и малите деца. Нашите нови HiPP 100% растителни оброци се дел од таа грижа – развиени заедно со нашите експерти за исхрана, создадени за да им се допаднат на најмладите.
Со новите оброци на растителна основа, бебињата се запознаваат со чисто растителни варијанти на храна. Овие производи претставуваат нов, здрав додаток на разновидната исхрана, која и понатаму треба да вклучува месо, риба и млеко.
Сите наши производи од 100% растително потекло им ги обезбедуваат на децата сите потребни хранливи материи. За да бидат хранливо комплетен оброк, додадовме вредни растителни извори на протеини. Новите оброци на растителна база содржат протеини од леќа – богата со растителни протеини, а истовремено обезбедуваат важни хранливи материи и растителни влакна.
- целосен оброк
- со протеини од растително потекло
- со најдобриот HiPP вкус
пронајдени производи: {{ countAllLabel }}