HiPP ORGANIC COMBIOTIC®
Сè што му е потребно на бебешкото стомаче. Денес и утре.
Нашата HiPP ORGANIC COMBIOTIK® формула содржи уникатна комбинација од природни млечно - киселински култури и вредни растителни влакна. Развиена според најновите научни сознанија од областа на исхрана на доенчиња и произведена со внимателно одбрани, органски состојки во препознатлив HiPP органски квалитет.
HiPP ORGANIC COMBIOTIK® последователна формула
Со природни млечно-киселински култури
Млечно-киселинските култури го одржуваат бебешкото стомаче здраво, и придонесуваат за рамнотежа на цревната флора и го заштитуваат од несакани бактерии. Тие се природно присутни во мајчиното млеко*. Доколку повеќе не доите, не мора да се откажете од оваа природна придобивка – HiPP ORGANIC COMBIOTIK® содржи млечно-киселинска култура L. fermentum, првично изолирана од мајчино млеко*.
Со сите важни хранливи материи
Хранливите материи во нашата последователна формула се внимателно прилагодени на возраста кога се воведува дополнителна исхрана. Покрај витамините Ц и Д, важни за имунолошкиот систем, содржи и есенцијални омега-3 (ДХА и АЛА) и омега-6 масни киселини (ЛА).
Во најдобар HiPP органски квалитет
Користиме само внимателно одбрани, органски состојки – во согласност со регулативите на ЕУ за органско производство и без ГМО. Во HiPP гарантираме највисок органски квалитет и ги надминуваме законски пропишаните стандарди на ЕУ за органско производство.
Можеби ќе Ве интересира:
Развој на цревната флора
Дознајте сè за развојот на цревната флора во првите 3 години од животот.
* Мајчиното млеко содржи разновидни природни култури кои може да варираат од личност до личност.
Metafolin® е регистрирана трговска марка на Merck KGaA, Дармштат, Германија. HiPP COMBIOTIC® е единствена млечна формула која содржи Metafolin®.