Skip to main content

Дали сте знаеле?

Дека растението банана може да живее најмногу до 18 месеци?

Од моментот на садење до бербата, поминуваат 18 месеци и потоа растението умира. Во текот на овој природен циклус, староседелците кои ги одгледуваат HiPP органските банани на традиционален начин во планинските џунгли на Коста Рика, интервенираат само ако растенијата се заразат. Бананата се распространува самостојно така што произведува таканаречени израстоци (базални издатоци). Штом матичното растение умира, започнува да гние и со тоа испушта важни хранливи материи во почвата. Како резултат на тоа карактеристиките на сортите се пренесуваат од генерација на генерација и квалитетот на почвата останува зачуван.