Skip to main content

За потеклото

Повеќе од 20 години, HiPP органските банани, исклучиво растат само во природни услови во планинските џунгли во Костарика. Тука растат особено добро, бидејќи благопријатно им влијае сенката од шумските гигантски дрва, кои можат да достигнат висина од 50 метри. Споредено со конвенционалните плантажи, стеблата бананите растат изолирано, далеку едни од други и во мешани плантажи. На овој начин, растенијата кои се заразени од штетници и болести можат лесно да се отстранат и да се спречи понатамошно ширење на заразите. Со тоа што ние практикуваме земјоделско производство во хармонија со природата, го зачувуваме природното живеалиште на растенијата и животните и ја заштитуваме уникатната разновидност на џунглата. Исто така со нашите органски HiPP банани се снабдуваме и од Еквадор.