Skip to main content

За сортите

Во нашите HiPP органски производи користиме органски брокули од сортите Lord, Steel и Covina. HiPP свесно го избегнува култивирањето на сорти кои се добиени со употреба на технологијата CMS (Cytoplasmic Male Sterility). Од појавата на оваа технологија, конвенционалното одгледување на брокулите скоро и да исчезнува. Ова доведе до исчезнување на некои видови од пазарот, со што се ограничува изборот на купувачот. Од таа причина HiPP го поддржува Saat здружението. Неговата цел е да го промовира конвенционалното култивирање на брокулите. HiPP исто така соработува со доставувачи на органски семиња за да добие поквалитетни сорти за понатамошното земјоделство.