Skip to main content

Нешто добро за Вашето бебе

Поради нивниот интензивен раст во текот на првата година од животот, на бебињата им е потребно повеќе железо. Најдоцна од 6-от месец треба да се уверите дека бебето добива доволно железо.
Резервите од железо кои се направени во текот на бременоста полека се трошат. Органското телешко месо е одличен извор на железо. Освен тоа, железото кое е од животинско потекло полесно се апсорбира отколку тоа од растително потекло. Органското телешко месо исто така содржи високо квалитетни протеини и други важни хранливи материи како цинк, фолна киселина и витамин Б12.