
Само најдоброто за Вашето бебе

Палминото масло се состои од вредни масни киселини. Богато е со палмитинска киселина (32-57%), која е исто така есенцијална компонента на мајчиното млеко. Палмитинската киселина е важна за метаболизмот на масти кај бебињата и ја олеснува апсорпцијата на калциум. Палминото масло има добар сооднос помеѓу содржината на заситените и незаситените масни киселини. Поради тоа што различните масла содржат различни важни масни киселини, ние користиме смеса од палмино, масло од репка и сончогледово масло во нашите млека и млечно- житните каши.