Skip to main content

За потеклото

Просото успева во услови на топло и суво време. По успешното ‘ртење, просото станува доста стабилно. Најчесто се сее од крајот на април до почетокот на мај. Почвата треба да е топла и влажна за да може просото да созрее. Вакви услови имаме во Источна и Југоисточна Европа, и затоа нашето HiPP органско просо расте во Полска и Украина. Во зависност од тоа каде расте, просото се жнее од средината на август. Просото се суши, чисти и складира од производителот после жетвата. Потоа се транспортира и се меле.