Мени

Одржливоста бара начин на живот и работа кој не експлоатира отповеќе, не оштетува и не уништува природни ресурси кои се основа на човековиот живот.

Концептот зад овој термин беше опишан одамна, пред стотици години во шумарството. Претставува форма на експлоатирање при која се бери околку дрво колку што може да порасне во ист временски период, со што никогаш нема да биде потполно соберено, туку ќе се регенерира и ќе може да се користи и од идни генерации.