HiPP органски квалитет

Органско – најдоброто за вашето бебе

На бебињата им е потребна здрава храна која е вкусна и која не содржи несакани состојки. Родителите знаат дека може да имаат доверба во HiPP кога се работи за производи развиени според најдобрите принципи на нутритивната наука: оброци точно прилагодени според возраста на бебето и со најстроги контроли за органски квалитет. Затоа ние многу внимаваме на суровините и продуктите кои ги користиме: почвата е внимателно селектирана, семињата не се третираат хемиски а на овошјето и зеленчукот им се дава време да го развијат својот полн вкус. Со истата грижа се однесуваме и кон месото кое се користи за HiPP оброците.

260 контроли за квалитет

Дури уште построги, попрецизни и посигурни контроли: родителите може да имаат целосна доверба во HiPP  Органскиот Печат. Содржината од секоја тегличка поминува низ 260 контроли за квалитет (вклучително и контроли од независни институции) како би се обезбедила загарантирана безбедност. На овој начин, HiPP прави повеќе контроли и тестови за проверка на квалитетот од оние кои се бараат со закон и од интернационалните  пропишани прописи за органско производство. Ова се однесува на сите суровини од житарки до грашок, од млеко до јаболка. Нашите експерти од HiPP работат заедно со органските фарми каде се произведуваат состојките; почнувајќи од избор на земјата, почвата и семињата. Понатаму, грижата продолжува со процесот на зреење и растење се до собирање и испорака: само ако лабораториските тестови покажат дека суровините произведени за правење на храната, се перфектни. Резултатот од целиот овој труд е високо квалитетна органска бебешка храна која ги поминала сите овие контроли. “За ова гарантирам со моето име”, вели Клаус Хип на органскиот печат; со секојдневно мониторирање на параметрите за квалитет, HiPP ги уверува родителите дека може да се апсолутно сигурни во ова ветување.