Банани од џунглите во Коста Рика

Органски и фер

Вкусните и традиционални сорти на банана "Gros Michel" растат под идеални услови во џунглите на Коста Рика. Тие имаат богат вкус, имаат идеална содржина на шеќери за примена во бебешка храна и не можете да ги најдете на огромни плантажи. Локалното население ги одгледува бананите на традиционален начин и со тоа го заштитува биодиверзитетот на висорамнините на џунглите. 

HiPP има долгогодишна историја на соработка со локалните одгледувачи. Околу 1000 мали земјоделци можат да бидат сигурни во пласманот на своите производи и фер цени. Вработените во HiPP работат  заедно со тие земјоделци за да бидат сигурни дека производите ќе бидат со висок квалитет како што се бара за бебешката храна. Бидејќи се работи за релација градена повеќе од 20 години, земјоделците и вработените во HiPP го засноваат својот однос на голема доверба. Германскиот производител на бебешка со преземање на социјална одговорност кон овие луѓе им овозможува тие пристојно да заработат, нешто што било невозможно во изминатите години.

Уште една важна работа е тоа што жените се движечката сила во овој банана проект од кој директно заработуваат повеќе од 10,000 луѓе во целиот регион. Освен социјалните бенефити, исто така е потребно да се напоменат еколошките предности: за разлика од одгледувањето на банани на огромни плантажи, овде тие се одгледуваат индивидуално, одделени едни од други. Ако некое дрво се разболи или се инфицира од габи, може да се отстрани и да се спречи ширењето помеѓу останатите. За разлика од конвенционалното производство, не се употребуваат пестициди и хемикалии за контрола на штетниците. Заради ова, зачувана е природната рамнотежа помеѓу луѓето, животните и растенијата и биодиверзитетот е заштитен.