Употреба на рециклирана хартија

Џунглите се витални магацини на C02 за луѓето. За да се заштитат џунглите од уништување, HiPP користи само хартија и материјали за пакување од рециклирана хартија или FSC- сертифицирани производи.

Одговорното однесување со природата исто така бара константна употреба на рециклирана хартија и бројни мерки за редуцирање на употребата на хартија во администрацијата.

HiPP го освои првото место во натпреварот Office & Environment” од  Bundesdeutscher Arbeitskreis für umweltbewusstes Management (B.A.U.M.) во категорија “ компании со повеќе од 500 вработени“. Oсобено внимание беше посветено на ексклузивната употреба на рециклирана хартија и на мерките за примарна редукција на нејзината употреба: електронско пополнување, електронско плаќање, циркулација на информациите преку сопствениот интранет на компанијата и двостраното печатење.