Употреба на обновливи енергии
Повеќе од 80% од енергијата која се употребува во Фафенхофен HQ доаѓа од обновливи извори на енергија. Од 2001, целосното загревање, топлата вода и потребите од водена пареа за фабриката на HiPP е покриена од употребата на биомаса (дрвени деланки). Електричната енергија која што се употебува доаѓа од “зелена струја” од хидроелектрани - без употеба на нуклеарна енергија.
Од 2000 година, изградени се 6 соларни проекти кои произведуваат вкупно 52,800 kWh/a од соларна енергија од колектор со површина 436 m². Целиот органски отпад оди во погони за земјоделски биогас. Секоја година на овој начин се генерираат два милиони kWh електрична енергија.