Skip to main content

За потеклото

Многу луѓе главно го поврзуваат оризот со Азија. Нашиот HiPP органски ориз сепак не се одгледува само во Азија туку и во земји како Италија, Франција, Шпанија и Унгарија. Климата е одлучувачки фактор. Органскиот ориз преферира суптропски или тропски услови- топли лета со силна сончева светлина и многу влажна средина. Затоа оризот често се сади на делтите на реките блиску до изворите на вода за да се обезбеди наводнувањето на полињата. Во Европа, жетвата започнува кон крајот на септември. Дополително, се снабдуваме со органскиот ориз на HiPP во мали количини и од Мексико, Пакистан и Тајланд.