Skip to main content

За маслото

Во нашите органски HiPP производи го користиме маслото и од пулпата и од јадрото на плодовите на маслодајната палма. Плодовите се пресуваат и јадрата се сушат, лупат, мелат и потоа се пресуваат. Пречистеното, свежо палмино масло има карактеристичен мирис на темјанушка. Вкусот е пријатен и сладок и маслото е чисто и светло по боја. Маслото за HiPP  e нежно рафинирано на пониска температура од вообичаено. Ова влијае позитивно на квалитетот на нашето HiPP органско палмино масло.

Од еколошки аспект, култивацијата на маслoдајните палми има многу предности- ако се гледа на тоа дека ниедна шума не е исечена во процесот: со тоа што земјата е секогаш покриена со зеленило и речиси целата работа се врши без употреба на тешка машинерија, почвата е заштитена од ерозија. Покрај тоа, фабриката за производство на маслото ги користи остатоците од производството како извор на енергија и со тоа не употребува други горива.