За потеклото
На HiPP органските круши им е потребно место кое што не е премногу топло или премногу ладно со период на мраз во текот на зимата за да растат и зреат правилно. Овој тип на клима е застапена во земјите на Јужна и Централна Европа како Италија, Шпанија но и во Аргентина. Овие региони имаат погодни почви кои се длабоки, добро проветрени и умерено влажни. Во сите региони, како во Европа така и во Јужна Америка не користиме хемиски спрејови за сортите. Нашите органски круши се берат тогаш кога ќе достигнат рамнотежа помеѓу содржината на шеќери и киселост која е идеална за бебињата. На северната хемисфера бербата е од септември до октомври, а на Јужната од февруари до март.