За потеклото
За да можат да растат и зреат, на HiPP органските јаболка им е потребна одредена количина на врнежи. Сепак, предолгите влажни периоди не се погодни затоа што поттикнуваат раст на габи. Во летниот период, на јаболката им треба топлина за да развијат правилен баланс меѓу содржината на шеќерите и киселоста. Кога се во прашање нивните потреби за време на ниските температури, јаболката се многу осетливи. Од периодот на мраз зависи нивното навремено и регуларно цветање. Нивното навремено и редовно цветање зависи од продолжителниот период на мраз. Во секој случај мразот за време на цветањето е нешто што на јаболката не им годи.
За да ги исполниме нашите стандарди за квалитет во текот на целата година ги земаме нашите јаболка од органски овоштарници во Германија, Грузија, Италија, Австрија, Полска, Србија, Турција, Украина и Унгарија – и во исклучителни околности исто така и од јужната хемисфера. Секогаш кога е возможно, претпочитаме јаболката да се од мешани овоштарници затоа што тоа е од голема еколошка важност за зачувување на старите видови и во исто време е важно за да се обезбеди живеалиште за инсекти и птици.