Чекор поблиску до природата
Ново и ексклузивно во HiPP Organic Combiotic:
Подобрена формула со Metafolin®
Драги родители,
Имаме одлични вести за вас:
Нашите нови и унапредени HiPP ORGANIC COMBIOTIC® формули веќе се достапни во продажба.
Како родители, сигурно сакате да знаете кои промени се воведени во новите HiPP формули.
Што е ново во формулата?
Единствено и ексклузивно од HiPP: Metafolin® – извор на фолати, инспириран од природата
Повеќе од 50 години ја вложуваме целата наша грижа и експертиза во развојот на нашите врвни HiPP млечни формули. Тие се базираат на најновите научни сознанија од истражувањето на мајчиното млеко, согласно нашата корпоративна филозофија и содржат само одговорно набавени, природни суровини од врвен органски квалитет согласно високите HiPP стандарди.
HiPP ORGANIC COMBIOTIC® содржи внимателно одбрани и научно докажани состојки:
- Природни млечно-киселински бактерии,
- ГОС (галакто-олигосахариди) добиени од органска лактоза — главниот јаглехидрат во мајчиното млеко
- А сега и: Metafolin® – извор на фолати, инспириран од природата.
Што претставува Metafolin® – и зошто е важен за здравиот развој на вашето бебе?
Metafolin® – извор на фолати инспириран од мајчиното млеко
Веројатно сте слушнале за фолната киселина — овој витамин од групата Б има клучна улога во развојот на вашето бебе за време на целата бременост. Но, фолната киселина останува важна и по раѓањето. Таа му е потребна на организмот за развој, пред сè за делба и раст на клетките, што ја прави клучна за здравиот развој на вашето бебе.
Фолна киселина, фолат и Metafolin® – како се поврзани?
Фолатот природно се наоѓа во растителни и животински извори, како и во мајчиното млеко а фолната киселина е синтетички производи. Телото веднаш го користи природниот фолат, додека фолната киселина мора прво да се претвори во активен облик - фолат за да може да се искористи.
Што го прави Metafolin® поинаков од стандардната фолна киселина?
Metafolin® претставува калциумова сол на фолат (природно присутниот во човечкото тело) и претставува чекор напред во однос на стандардната фолна киселина што денес се користи во млечните формули.
Metafolin® е активен облик на фолат – истата форма што природно е присутна во составот на мајчиното млеко.
Детскиот организам може веднаш да го искористи Metafolin®
Слично на фолатот во мајчиното млеко, Metafolin® е веднаш е достапен и може да се искористи. За разлика од фолната киселина, чиј метаболизам е значително покомплексен за да се претвори во активен облик, Metafolin® може веднаш да се користи.
Овој природен извор на фолати – Metafolin® – обезбедува оптимална апсорпција и целосна искористливост на витамините, овозможувајќи секое дете да го добие она што му е потребно за здрав развој.
*Metafolin® е регистрирана трговска марка на компанијата Merck KGaA, Дармштат, Германија. HiPP COMBIOTIC® е единствена млечна формула која содржи Metafolin®.