Ние од HiPP сакаме да ви испратиме порака со која ве уверуваме...
Како производител на храна за бебиња, свесни сме за нашата посебна одговорност кон нашите најмали потрошувачи. Затоа, HiPP прави сè што е можно за на пазарот да се пласираат исклучиво производи со највисок квалитет и безбедност.
Ја разбираме загриженоста на родителите поврзана со тековните повлекувања на одредени формули за доенчиња поради можната појава на церeулид – токсин произведен од микроорганизмот Bacillus cereus – кој се поврзува со состојката ARA (арахидонска масна киселина).
Откако бевме информирани за инцидентот на крајот на декември 2025 година, извршивме детална проверка на нашиот синџир на снабдување во однос на токсинoт церeулид и суровината ARA. Во постојан контакт сме со нашиот добавувач на суровини и можеме да потврдиме дека не гледаме никаков ризик во нашиот ARA синџир на снабдување.
Затоа, сакаме да ги увериме сите загрижени дека:
- Адаптираните млечни HiPP формули, не се засегнати од повлекувањата.
- HiPP ја набавува ARA од европски добавувач кој не е опфатен со повлекувањето.
- Родителите можат да ги користат адаптираните млечни HiPP без никаква загриженост.
Производите на HiPP се безбедни и несомнено соодветни за користење во исхраната на бебињата и малите деца.
Со почит,
Ваш HiPP
линк до оргиналното соопштение