HiPP млечна формула и проблемот со церeулид
Најважните факти на едно место
- Производите на HiPP се безбедни
- Млечните формули на HiPP НЕ се засегнати од тековните повлекувања.
- Нашиот строго контролиран синџир на снабдување ги исполнува европските и меѓународните стандарди за безбедност, како и внатрешните стандарди за безбедност на HiPP. Децениското искуство ни овозможува да имаме прецизно дефинирани точки за тестирање и контрола.
- Затоа можеме да бидеме сигурни дека нема ризик за потрошувачите.
- Позадина на повлекувањата (декември 2025)
- Токсинот цереулид е откриен во млечни формули од поединечни производители.
- Причина: маслото од ARA (арахидонска киселина) од еден добавувач (не и кај HiPP!), за кое се верува дека било контаминирано во текот на производствениот процес.
- Цереулидот може да предизвика повраќање и гадење, што е особено важно за доенчињата.
- Зошто HiPP не е засегнат?
- HiPP го набавува маслото од ARA исклучиво од европски добавувач и нема никаква поврзаност со проблематичниот добавувач.
- Нашиот добавувач работи согласно документирани ригорозни контроли во текот на целиот процес, што го елиминира ризикот од Bacillus cereus уште во фазата пред производство.
- Без Bacillus cereus, цереулидот не може да се формира.
- Кои мерки беа преземени од страна на HiPP?
HiPP е чекор понапред и ги презеде следните мерки на претпазливост:- Синџирот на снабдување се проверува темелно уште од фазата на селекција на добавувачи: Безбедноста на процесот е приоритет.
- Откако се појави инцидентот кај конкурентите: Обновена потврда за контролите во процесот од добавувачот на маслото од ARA.
- Од крајот на декември 2025: Секојдневна комуникација; Континуирано добивање податоци и докази за безбедноста на маслото од ARA.
- Резултат: Нашиот синџир на снабдување е сигурен, безбеден и транспарентен.
- Маслото од ARA во HiPP – клучни факти
- HiPP го користи маслото од ARA во Pre, 1, Comfort и AR формулите – во согласност со научните препораки.
- Маслото од ARA се произведува со ферментација на габата Mortierella alpina.
- Културата редовно се тестира за Bacillus cereus за време на одгледувањето.
- Ако се открие бактеријата → културата се отфрла целосно и не се обработува понатаму.
- Затоа: ако нема Bacillus cereus – нема цереулид!