Повлекување на HiPP стакленки: Северна Македонија не е засегната
Fafenhofen, 20.04.2026
18:00 часот (CEST)
HiPP е жртва на уцена.
Во врска со веќе познатиот случај на манипулација со HiPP стакленки со храна за бебиња во Австрија, Чешка и Словачка, сакаме да споделиме нови информации.
Уценувачот испратил електронска порака на неперсонализирано, заедничко, сандаче (маил), кое се проверува во подолги интервали како дел од нашите стандардни процедури. Веднаш по добивањето на оваа информација, без одложување ги известивме надлежните полициски органи и формиравме интерен кризен тим. Презедовме итни мерки со цел заштита на потрошувачите. Во постојана и тесна координација и соработка сме со надлежните институции, вклучително и во делот на комуникацијата.
Сакаме јасно да нагласиме дека овој инцидент во никој случај не е поврзан со квалитетот на нашите производи. Производствените, контролни и квалитативни процеси на HiPP функционираат непречено и без ограничувања. Станува збор за надворешна криминална манипулација, надвор од нашето влијание, ограничена на трите наведени пазари. Во овој момент немаме сознанија за други случаи на манипулација.
Ве молиме за разбирање, со цел да нема попречување на тековната истрага, во моментов можеме да споделуваме само информации кои се проверени и официјално одобрени од надлежните органи. Штом бидат достапни нови релевантни сознанија, ќе ве информираме во координација со институциите.
За информации поврзани со полициската истрага, ве упатуваме на официјалните соопштенија на надлежните органи.
Општа препорака
Без оглед на овој конкретен случај, за HiPP и за храната за бебиња, воопшто, важи следното:
- секогаш проверувајте дали пакувањето е неоштетено,
- обрнете особено внимание на вакуумското затворање на стакленките (карактеристичен „клик“ при отворање),
- не користете производи што покажуваат било какви неправилности (на пример, променет или непријатен мирис на содржината).
19.04.2026
Почитувани родители и потрошувачи,
HiPP стакленки со храна за бебиња купени од SPAR Австрија во моментов се повлекуваат како мерка на претпазливост. Оваа информација предизвика загриженост и кај многу родители во Северна Македонија.
Клучни информации накратко:
- Повлекувањето се однесува исклучиво на HiPP стакленки купени од SPAR Австрија.
- Асортиманот на HiPP во Северна Македонија не е засегнат.
- Повлекувањето не е резултат на недостаток во самиот производот или во квалитетот од наша страна. Стакленките ја напуштиле нашата фабрика во исправна состојба.
- Повлекувањето е поврзано со кривично дело кое моментално е предмет на истрага од страна на надлежните органи.
Во продолжение ги споделуваме клучните информации за овој случај:
Што точно се случи?
Во рамки на тековна истрага, надлежните органи откриле мал број неовластено отворени HiPP стакленки со храна за бебиња – првично во Австрија, а потоа и во Чешка и Словачка.
При нивната анализа, надлежните органи утврдиле дека содржат отров за глодари.
Кои мерки се преземени?
- Како мерка на претпазливост, трговските партнери во Чешка и Словачка ги повлекоа од продажба сите HiPP стакленки.
- Во Австрија, состојбата останува непроменета: HiPP продолжува со повлекување на сите стакленки купени од SPAR Австрија. Во рамки на ова повлекување, веќе е запленета една манипулирана стакленка.
- Дополнително, SPAR одлучи да ја отстрани HiPP храната за бебиња од своите продавници и да ја прошири оваа мерка и во други земји каде што работи.
Сакаме јасно да нагласиме: Овој инцидент воопшто не е поврзан со квалитетот или производството на HiPP производите. Нашите стандарди за квалитет и безбедност остануваат непроменети и на највисоко ниво.
Кој е ризикот?
Консумирањето на манипулиран производ може да биде опасно по здравјето. Поради тоа, како мерка на претпазливост, Ве советуваме ваквите производи да не се консумираат.
Како да препознаете сомнителен производ?
Според достапните информации, во Австрија засегнатите стакленки се означени на дното со бела налепница со црвен круг.
Доколку забележите ваква ознака, Ве молиме да не ја консумирате содржината на овие стакленки.
Наш совет до родителите:
И во оваа, но и во секоја друга ситуација, препорачуваме – за HiPP храна за бебиња воопшто:
- Секогаш проверувајте дали пакувањето е неоштетено,
- особено дали вакуумското затворање е исправно (треба да се слушне „клик“),
- не користете производи доколку забележите знаци на оштетување
Што треба да направат потрошувачите доколку имаат купено HiPP стакленки од SPAR Австрија?
Ги замолуваме родителите и потрошувачите, доколку имате HiPP стакленки купени од SPAR Австрија од безбедносни причини да не ги користите.
Може ли да се контактира HiPP доколку имам прашања?
Да. За сите прашања, стоиме на располагање:
📞 +389 (070) 234 757
Дали повлекувањето се однесува и на производи од други продавници?
Повлекувањето се однесува исклучиво на HiPP стакленки купени од SPAR Австрија.
Што следува понатаму?
HiPP е во постојан и тесен контакт со надлежните истражни органи во сите засегнати земји.
Поради тековните истраги, можеме да споделуваме само проверени информации релевантни за безбедноста на потрошувачите.
Штом бидат достапни нови информации, ќе ве информираме навремено.