Гестациски недели:
17-та гестациска недела: Вашето бебе расте брзо
Големина на Вашето бебе во 17-тата недела од бременоста
Вашето неродено дете сега е со должина помеѓу 11 и 12 сантиметри, што е приближна големина на круша. Тоа тежи 100 грама, што е отприлика колку половина од тежината на просечна круша. Во 17-тата недела, главниот развој се одвива во должината на Вашето бебе, неговите црти на лицето и неговите рефлекси и сетила. Наскоро детето ќе почне да се дебелее, односно ќе добива поткожно масно ткиво, кое покасно ќе биде клучно за преживување надвор од матката.
Развој на Вашето бебе
До 17-тата недела, лицето на Вашето бебе е речиси целосно формирано. Неговите очи се поместени од страната на лицето кон средишниот дел, носот е формиран од почетната 'рскавица и неговите уникатни и совршени карактеристики брзо стануваат појасни.
Вашето бебе сега може да мириса, слуша и вкуси, а развојот на сетилни клетки во различни делови од телото значи дека почнува да чувствува. Тоа може да биде исплашено од гласни звуци како резултат на оваа зголемена свесност - ако тоа се случи за време на преглед на ултразвук, ќе можете да видите како неговото мало тело трепери. Затоа, веројатно не е добра идеја да одите на бучна свирка или да гледате акционен филм во кино.
Нешто друго што Вашето бебе може да го забележи во 17-тата недела се светлината и темнината, како на пример кога сонцето сјае на Вашиот стомак. Неговото внимание го привлекува светлината и топлината и на нив бебето ќе реагира.
Како се чувствува идната мајка во 17-тата недела од бременоста
17-тата недела е период кога имате наплив од различни чувства, слично на емотивниот ролеркостер во пубертетот. Сосема е природно што ќе бидете загрижени за повеќе работи - ова е сосема нов предизвик за Вас, и мислите ќе Ви бидат насочени на здравјето и благосостојбата на Вашето бебе и на тоа како Вие како семејство ќе се справите со сè кога ќе се роди.
Трудниците со нетрпение ја очекуваат средбата со детето и го планираат својот семеен живот, и исто така ќе доживуваат моменти на неопислива среќа. 17-тата недела е неделата во која многу идни мајки ќе забележат како се вклучува инстонктот за „вгнездување“: ќе почнете напорно да работите за да се подготвите за животот како мајка, да планирате однапред и да почнете да купувате работи кои Ви се потребни за да го подготвите Вашиот дом за новиот член на семејството.
Вашите чувства ќе влијаат и на Вашите соништа. Низ соништата ќе ги обработувате сомнежите и стравовите кои ги доживувате во текот на денот. Тие Ви даваат сигурност дека сте силни и дека ќе направите се што можете за Вашето дете.
Вообичаени знаци и симптоми
Труднички мозок
Правите шолја чај, а потоа те прекинува ѕвонењето на телефонот. Кога ќе ја спуштите слушалката, сте заборавиле каде сте го оставиле чајот. Дали ова звучи познато? Ако е така, не грижете се за тоа: тоа е она што луѓето го нарекуваат труднички мозок, заборавањето што често го доживуваат идните мајки. Тоа се случува затоа што сте Вашиот мозок е преоптоварен. Во 17-тата недела, има толку многу нови сензации, чувства и информации кои влијаат на Вас што не можете лесно да го обработите сето тоа. Нема потреба да се срамите поради овој привремен симптом - подоцна ќе можете да се смеете на тоа!
Ги чувствувате движењата на Вашето бебе
Ако ова Ви е втора бременост, сигурно ќе можете да почувствувате дека Вашето бебе се движи од 17-тата недела. Ако е ова Ваше прво дете, ќе мора да почекате уште малку. Какво ќе биде чувството кога навистина ќе се случи? Најдобро се опишува како еден вид скокоткање или трнење, кое постепено станува се посилно и посилно. Чувството дека детето се движи е момент на возбуда за повеќето бремени жени.
Вашата матка станува се поголема и поголема
Како што расте Вашата матка, можеби ќе ги почувствувате лигаментите што ја поддржуваат додека се протегаат, предизвикувајќи еден вид на чувство на туркање и влечење. Не треба да се грижите се додека нема други симптоми. Меѓутоа, ако почувствувате ритмички болки, крварење или вагинален исцедок, треба веднаш да го посетите Вашиот лекар бидејќи Вашето дете може да биде во опасност.
Постојат вежби што можете да ги правите за да ја намалите болката предизвикана од растечката матка, да го зајакнете дното на карлицата и да ги опуштите тие лигаменти. Дури и самото излегување од дома и прошетките ќе биде добро за Вас и Вашето бебе, бидејќи ќе ви помогне да добиете повеќе кислород.
Проширени вени на нозете
Понекогаш може да забележите мали венски капилари на нозете, т.нар. проширени вени или пајакови вени. Ова е сосема нормално и не е причина за загриженост: Вашето тело има многу работа и преработува поголема количина на крв (уште еден симптом за ова се малите крварења од носот). Ви препорачуваме да носите компресивни хулахопки.
Вашиот стомак станува се позаоблен
Во 17-тата недела, луѓето што ќе ги запознаете ќе можат да забележат дека очекувате бебе. Можеби ќе доживеете некои љубопитни погледи, бидејќи луѓето забележуваат дека сте бремени.
Овој месец, ќе продолжите да внесувате околу 250 грама неделно. Ова зголемување на телесната тежина главно се должи на Вашата матка која постојано расте, иако плацентата и плодовата вода исто така играат улога.
Комбинацијата на зголемени гради, проширени колкови и поголем стомак значи дека од сега ќе ја имате Вашата трудничка фигура. Тоа е одраз на Вашата среќа и ќе Ви користи кога ќе се роди Вашето бебе и кога ќе го доите.
Прашања кои сакате да му ги поставите на Вашиот лекар
Целни вежби за карлицата
Прашајте го Вашиот лекар кои вежби можете да ги правите за зајакнување на карлицата. Следните неколку месеци ќе бидат физички понапорни, а овие вежби може да помогнат да се избегнат симптомите и несаканите ефекти.
Имате проширени вени?
Проверете ги проширените вени на нозете кај лекар, која ќе може да Ви каже дали вените се во фаза која е нормална за бременоста или не. Исто така може да ви даде совет како да се грижите за Вашите нозе за да ги намалите овие симптоми.
Ефикасна и здрава исхрана
Прашајте го Вашиот лекар или нутриционист за едноставни рецепти, идеални за оброци полни со диететски влакна и хранливи материи. На нашата интернет страница исто така можете да прочитате повеќе информации за исхраната во текот на бременоста.