Гестациски недели:
20-та гестациска недела: Веќе сте на пола пат!
Големина на Вашето бебе во 20-тата недела од бременоста
Вашето бебе до 20-тата недела е со должина помеѓу 16 и 20 сантиметри, приближно колку модар патлиџан. Тоа моментално тежи помеѓу 250 и 290 грама, приближно колку едно пакетче путер, и тоа му овозможува да се движи наоколу и да се врти колку што сака.
Ова е важно за да може детето во целост да го научи својот распон на движења и да го усоврши чувството за рамнотежа. На тој начин бебето го открива и одредува центарот на гравитација на своето тело.
Развој на Вашето бебе
Вашето бебе сега го следи својот силен рефлекс за движење. Ротира околу себе, прави салта и на тој начин предизвикува бранување на плодовата вода. Количината на амнионска течност постепено се зголемува и се прилагодува според растот на детето. На тој начин е добро заштитено од било каков притисок на стомакот.
Бебето ги користи рацете за да вежба движење наоколу и лазење, што ќе биде важно откако ќе се роди, бидејќи на тој начин ќе стигне до градите на мајката за да го стимулира производството на млеко и да добие храна. Иако по раѓањето вообичаено бебето се дава директно на мајката за да може да го држи новороденчето во своите раце , овој рефлекс и понатаму е клучен дел од неговиот развој. Ползење кон мајчините гради на бебињата е клучен човечки инстинкт уште во раната фаза на нашата еволуција како вид, а и понатаму е важно во нашиот цивилизиран свет бидејќи им помага на бебињата да вежбаат и да го прошират распонот на движења во првите неколку месеци надвор од матката.
20-тата недела е недела во која почнуваат да се развиваат детските веѓи, и тие ќе останат такви цел живот. Може да ги движи очните капаци, иако во текот на следните неколку недели ќе ги држи затворени.
Уште еден друг развоен чекор оваа недела е памтењето на Вашето бебе. Од сега ќе може да препознава одредени звуци или музика која ја слуша во матката. Затоа можеби ќе сакате да почнете да му пеете или свирите приспивна песна навечер, бидејќи тоа ќе ја препознае кога ќе се роди и можеби полесно ќе заспие кога ќе ја слушне.
Ако направите преглед на ултразвук во периодот помеѓу 19 и 21 недела, Вашиот лекар внимателно ќе ги прегледа екстремитетите на Вашето бебе и неговите внатрешни органи. Малото срце ќе биде јасно препознатливо, ќе отчукува, а мозокот сега е развиен до степен во кој јасно се гледаат и најважните региони. Вашиот лекар исто така ќе провери дали бубрезите се анатомски исправни и дали цревата се проодни.
Како се чувствува идната мајка во 20-тата недела од бременоста
Ако веќе сте мајка, речиси сигурно веќе сте ги почувствувале темпераментните движења на Вашето бебе како нежно трнење. Жените во втората или третата бременост се почувствителни на ова од жените кои никогаш претходно не го доживеале.
Трудниците кои за прв пат ќе станат мајки, сигурно ќе бидат малку нестрпливи и ќе се прашуваат кога за прв пат ќе го почувствуваат движењето на своето бебе. Всушност, тоа веќе се има случено но Вие не сте го забележале затоа што е многу слабо и не сте можеле да го препознаете. Ќе почнете да чувствувате како Вашето бебе се движи за прв пат во одреден момент помеѓу 20-та и 24-та недела, ако ова е Вашата прва бременост. 20-тата недела е недела кога бебето ќе почнува повеќе да се движи, и постои шанса дека ќе тоа ќе го почувствувате бидејќи неговите движења ќе предизвикаат бранување на плодовата вода. Првото што ќе го почувствувате може да биде како „меурчиња„, како резултат на бранување на плодовата вода.
Без разлика дали чувствувате како „меурчиња од сапуница„ кои ви пукнуваат на стомакот или пак пеперутка која мавта со крилата, овие нежни „удари” во Вашата матка се едни од највозбудливите моменти од Вашата бременост и ќе ви останат засекогаш во сеќавање.
Ако плацентата е кон предниот дел на Вашата матка или ако Вашиот абдоменален ѕид е малку подебела, движењата на бебето ќе бидат „пригушени“ и ќе ги почувствувате малку подоцна. Сè уште нема да можете да видите како се движи или да го почувствувате со поставување на раката на стомакот.
Вообичаени знаци и симптоми
Постојат различни симптоми и мерки на претпазливост кои Вашето тело ги презема како резултат на хормоналните промени кои сте ги доживеале во последните неколку недели.
Зголемен вагинален исцедок
Од време на време, ќе забележите зголемен исцедок од вагината. Ова е начин на кој Вашето тело да ја „чисти“ вагината - особено е важно за време на бременоста да го одржувате родилниот канал чист и без бактерии. Тоа се случува така што произведува повеќе течности кои ги „собираат“ сите патогени во вагината и на тој начин ги транспортира надвор од Вашето тело.
Во меѓувреме, бебето е заштитено со слуз, кој е безбедно поставен на влезот во грлото на матката и прави се за да го заштити од патогени. Сè уште постои шанса Вашата вагина да претрпи бактериска нерамнотежа и да развие симптоми: бременоста, особено го зголемува ризикот од габична инфекција позната како вагинална микоза. Затоа, бидете многу внимателни кога користите јавни тоалети и ако одите на пливање.
Вашиот исцедок секогаш треба да биде млечно бел или бел и да има неутрален мирис. Ако се промени или мирисот, настануваат грутки или чувствувате сврбеж, посетете го Вашиот лекар што поскоро.
Болка во грбот, истегнување во стомакот и иритација на кожата
Овие симптоми се предизвикани од зголемениот обем на работа за Вашите мускули, тетиви и кожа, иако можеби нема да ги чувствувате долго и може да се разликуваат по сериозност.
Добри начини за минимизирање на симптомите се да правите редовни вежби, правилно да кревате и носите предмети (кога е потребно), да имате добро држење на телото и да бидете сигурни дека ќе ги направите потребните паузи во текот на денот.
Можете да ја разгалите Вашата кожа и да ја негувате секој ден со кремови или масла кои лесно се апсорбираат и ја зголемуваат еластичноста, како што е путерот за тело HiPP. Нанесете го путерот за тело веднаш по туширање или бањање, додека кожата е сè уште влажна.
Прашања кои сакате да му ги поставите на Вашиот лекар
Со кои спортови можам да се занимавам?
Важно е да разјасните кој интензитет на спорт и тренинг се соодветни за Вас и Вашето бебе, а тоа делумно ќе зависи од тоа колку сте вежбале пред бременоста. Ако никогаш претходно не сте се занимавале со многу спорт, во текот на бременоста треба да најдете понежна активност која ќе ги зајакне Вашите мускули, како јога, за разлика од некоја активност која ја зголемува издражливоста и силата.
Превенција од дијабетес
Ако дијабетесот (особено дијабетес тип 1) е присутен во Вашето семејство, разговарајте со Вашиот лекар за тоа.
Постојат јасни знаци и симптоми на дијабетес, така што идните мајки треба редовно ја тестираат урината. Ако резултатот укажува на можен дијабетес, Вашиот лекар ќе спроведе друг тест за да ги потврди или отфрли сомневањата.
Ако се дијагностицира рано, дијабетесот во бременоста лесно се лекува и брзо ќе помине. Само ако не се дијагностицира до напредна фаза, постои ризик од компликации за Вашето бебе, а на крајот и за Вас.
Што ако морам да пијам лекови во текот на бременоста?
Ако искусите имате инфекција или некои други симптоми, а сакате или треба да земате лекови, прашајте го Вашиот лекар или фармацевт за вистинскиот лек кој треба да го земете. Некои лекови воопшто не се дозволени за бремени жени, додека други лекови се дозволени, но само во одредени фази од бременоста.
Слободно прашајте за природни лекови кои се на растителна основа, бидејќи тие можат да имаат низа корисни ефекти врз човечкото тело. Не заборавајте да го прашате Вашиот лекар или фармацевт за ефектот што природните супстанции можат да го имаат врз Вашето бебе.