Skip to main content

Гестациски недели:

10-та гестациска недела: Вашето бебе се развива прекрасно

Големина на вашето бебе во 10-та недела од бременоста

До овој момент, бебето во Вашиот стомак ќе биде со должина помеѓу 2,8 и 3,1 cm, и е приближно со големина колку зрно грозје. Тежината му е помеѓу 4,5 и 5 грама, и сеуште е лесно како пердув.

Развој на Вашето бебе

На ултразвук сега веќе може да се види мало ситно човече. Во оваа фаза главата е сеуште непропорционално голема во однос на остатокот од телото. Во 10-тата недела, Вашето бебе ќе продолжи да ја крева главата, да се протега и почесто да се движи, иако движењата се сеуште  некоординирани. 

На крајот од рацете на Вашето бебе, се формирани зглобови и на дланките се формираат малите прсти. Мрежата помеѓу прстите на рацете и нозете целосно ќе исчезне до крајот на оваа недела, а палецот и показалецот сега се одвојуваат. Бебето  ќе може наскоро да ги движи прстите додека се обидува да формира тупаница – тое е првото телесно движење кое покажува знаци на координација.

Формирањето на прстите на Вашето бебе претставува важен чекор во неговата подготовка за живот надвор од матката, бидејќи наскоро ќе започне природниот (и витален) рефлекс на цицање, кој ќе му го овозможи цицањето на сопствениот палец.

Малото срце чука толку моќно што може да се открие со фетален монитор – а доколку очекувате близнаци, докторот ќе може да слушне две отчукувања на срце.

Вашето бебе повеќе не е во голема мера подложно на опасностите од надворешните влијанија, бидејќи повеќето деформитети и малформации се развиваат пред 10-тата недела од бременоста. По овој изминат период, исто така се намалува ризикот од спонтан абортус, иако сè уште не се исклучува целосно. Основното правило е дека критичната фаза е завршува до крајот на 12-тата недела и, оттогаш, ризикот од спонтан абортус значително се намалува.

До 10 -тата недела, сите витални внатрешни органи на Вашето бебе се на свое место, неговиот мозок продолжува постојано да се развива, а нервните патишта се формираат и стануваат се посложени, за да може мозокот да биде активен и да прима дразби. Еден од важните стимуланси за Вашето бебе е слухот, а оваа недела се развива и надворешната структура на увото (која се нарекува ушна школка). Оваа структура се состои од  'рскавично ткиво и делува како инка за звучните бранови, формирајќи различни звуци и испраќајки ги до мозокот.

Сите витални органи на Вашето дете се сега формирани и од сега, лекарите ќе го нарекуваат детето фетус, а не ембрион.

Како се чувствува идната мајка во 10-тата недела од бременоста

Симптомите до сега малку ќе се смират, и ќе бидете среќни кога ќе дознаете дека ризикот од спонтан абортус станува се помал.

Веројатно повеќе нема да чувствувате гадење, а сите други типични симптоми на бременоста, како што се болките во стомакот, полека ќе исчезнуваат.

Постепено ќе се чувствувате многу подобро, а радоста за Вашата бременост ќе се зголемува со секој нареден ден. Ќе се зголеми Вашиот елан и креативност, а наскоро ќе почнете да правите конкретни планови и да размислувате како да го подготвите Вашиот дом за кога ќе дојде бебето.

Во текот на следните неколку недели, Вашиот стомак ќе почне да станува се позаоблен и ќе дојде до нормално зголемување на телесната тежина  предизвикано од бременоста. Здрава, балансирана исхрана е клучна во текот на бременоста, како за развојот на Вашето бебе така и за Вашето здравје.

Што да пиете за време на бременоста

Како идна мајка сигурно веќе знаете дека во текот на бременоста не треба да пиете алкохол. Ако се кажете “ќе се напијам само малку”, треба да знаете дека и тоа малку може да му наштети на Вашето бебе. Не е вистина дека пијалоците со ниска содржина на алкохол, како што се пивото и виното, се помалку штетни од жестокиот алкохол.

Секоја секунда, секоја минута, секој час и секој ден Вашето бебе расте од клетки кои постојано се реплицираат, а алкохолот ги убива овие клетки. Возрасните имаат целосно развиени органи и мозок, што им дава поголема толеранција на отрови како алкохолот, но Вашето бебе е без одбрана.

Вашето бебе се развива исклучително брзо во текот на првите неколку недели од бременоста. Во овој период, почнуваат да се формираат првите структури што ќе му бидат потребни за да преживее надвор од матката. Неговиот скелет, мускули, мозок и органски системи мора да се развијат правилно за да се избегнат деформации.

Поради оваа причина, треба да престанете да пиете алкохол веднаш штом ќе дознаете дека сте бремени. Всушност, добра идеја е да се откажете од алкохолот веднаш штом ќе почнете да се обидувате да забремените и ако мислите дека оплодувањето можеби било успешно.

Постојат и други пијалоци кои треба да ги избегнувате. Ѓумбирот, на пример, содржи големи количини кинин, па затоа не е добра идеја додека сте бремени. На пример газираните пијалоци,  можат да содржат кофеин и фосфорна киселина, која претставува ризик поради својата киселост. Повеќето газирани пијалоци, исто така, содржат премногу шеќер и празни калории кои не Ви се потребни и ја зголемуваат Вашата телесна тежина.

Баровите и рестораните нудат голем број на  пијалоци кои се базирани на овошни сокови и газирана вода, така што нема потреба целосно да го откажете Вашиот социјален живот за да избегнете алкохол. Пробајте природно цедени сокови, кои се добри за Вашата ментална состојба и за Вашето бебе.

Ако, како и повеќето трудници, страдате од лошо варење или киселини, чајот од коморач може да помогне.

Совет од акушерка

„Газираните пијалоци всушност можат да помогнат ако чувствувате гадење или имате проблеми со циркулацијата, но не треба да ги пиете само за да ја изгасите жедта или како редовен дел од дневниот внес на течности“ Dorothee Kutz, акушерка.

Важни совети

  • Побарајте во Вашата гардероба широка, удобна облека.
  • Запомнете, никогаш не е рано да почнете да размислувате за имиња за Вашето дете
  • Сега е време да почнете со масажа и нанесување  крема на стомакот, бутовите и задникот и страничните делови, бидејќи кожата во овие области најмногу е под влијание на растот и растегнувањето.

Прашања кои сакате да му ги поставите на Вашиот лекар

Заштита на Вашата кожа

Ако претходно сте страдале од чувствителна или сува кожа, Вашата бременост може да ја влоши. Потребите во бременоста, исто така, може да го влошат слабото сврзно ткиво. Достапни се различни производи за ефикасна нега на кожата: на пример, путерот за тело HiPP Mamasanft ја одржува кожата влажна и ја зголемува нејзината еластичност.

Меѓутоа, ако сè уште сте загрижени за Вашата кожа, можете да побарате совет од Вашиот лекар.

Информации за авторот:

Juliane Jacke-Gerlitz е регистрирана медицинска сестра. Повеќе од десет години таа ги советува мајките и доилките. Моментално работи како медицински писател и психолошки консултант. Juliane Jacke-Gerlitz е во брак 22 години, мајка е на осум деца и живее со нејзиното семејство во Halle.