Гестациски недели:
34-та гестациска недела: Oпуштете се и уживајте во последните неколку недели од бременоста
Во 34-тата недела од бременоста, отприлика околу шест недели пред пресметаниот датумот на породување, може да започнете со законски регулирано породилно отсуство. Сега би можеле да престанете да работите и да ги предадете важните работи на Вашите колеги. Ова ќе ви овозможи да се опуштите и да го Вашиот ум на она што доаѓа. сега треба да бидете на породилно отсуство, откако ќе ја препуштите одговорноста за Вашата работа на Вашите колеги или заменик. Ова ќе Ви овозможи да се опуштите и да го фокусирате Вашиот ум на она што Ви следува.
Големина на Вашето бебе во 34-та недела
Вашето бебе, кое ќе ја види светлината на денот за неколку недели, сега е долго околу 45 cm, отприлика со големина на голема зелена салата. Со тежина од околу 2237 грама, бебето се повеќе се доближува до својата родилна тежина. Зголемувањето на должината и тежината ќе продолжи поединечно да се зголемува до раѓањето. Не грижете се ако ви се чини дека Вашето бебе не расте толку брзо колку што би требало или пак не става на тежина доволно: тоа е различно од дете до дете и е под влијание на гените.
Развој на Вашето бебе
Сетилата на Вашето бебе сега се добро развиени. Во 34-тата недела од бременоста, се подобрува слухот детето. Во оваа фаза од својот развој Вашето бебе особено добро ги слуша високите тонови. Сега внимателно слуша музика и гласови и ќе ги препознае звуците по раѓањето. Познатиот глас и музичките тонови ќе му дадат чувство на сигурност и смиреност на новороденчето.
Скелетниот систем на новороденчето го апсорбира целиот калциум кој може да го добие за неговите коски да станат погусти, што пак ќе ги направи потврди, посилни и поцврсти. Сепак, коските на бебето нема да бидат целосно развиени до моментот кога ќе се роди, па затоа е добра идеја да му дадете дополнителен витамин Д. Рецепт за Витамин Д можете да добиете од Вашиот педијатар на првиот преглед, а според најновите препораки новороденчињата секојдневно треба да добиваат витамин Д во облик на капки. За сите дополнителни информации околу додавањето на витамин Д, консултирајте се со Вашиот педијатар.
Во меѓувреме, белите дробови се уште се во завршна фаза на развој, така што тие стануваат посигурни и посилни.
Со сè помалку простор во матката за слободно движење, Вашето бебе ќе се врти со целото тело од едната на другата страна. Ако очекувате близнаци, овој недостаток на простор за нив ќе претставува уште поголем проблем и нивните движења ќе ги чувствувате уште поинтензивни поради ограничениот простор. Прегледот на ултразвук, близнаците го прават попредизвикувачки: тие имаат тенденција да лежат еден врз друг, што им отежнува на лекарите да ги пронајдат и прецизно да го прикажат отчукувањето на двете срца.
Во 34-тата недела, тестисите на машко бебе ќе се движат надолу од абдоменот до скротумот. Ултразвукот ќе покаже дека скротумот изгледа многу голем во оваа фаза, што е предизвикано од водата што ја задржува. Многу машки бебиња сè уште имаат голем скротум со отечен изглед кога ќе се родат: тоа не е причина за грижа и својата нормална големина ќе ја добие по неколку дена.
Поради импулсите кои Вашето бебе ги прима, тоа продолжува постепено да се поместува во положба за раѓање, што ќе овозможи нормално и природно породување.
Вашето бебе ќе се намести во конечната положба за раѓање околу четири недели пред раѓањето. Некои бебиња остануваат во ембрионска положба со свиткани нозе многу долго и се вртат дури кога ќе започне породувањето.
Како се чувствува идната мајка во 34-тата недела од бременоста
Како што расте Вашето бебе, така Вашата бременост станува се потешка. Не е ни чудо што законот налага дека сега веќе можете да бидете на породилно отсуство. Фокусирајте се на себе и обидете се да уживате во овој период.
Сега ќе можете да се опуштите и да се прилагодите на новите околности – дури и откако ќе се роди детето, ќе помине некое време пред да можете да се вратите на работа. За тоа време насочете ја целата своја сила и енергија на бебето и уживајте во времето поминато заедно како семејство.
Вообичаени знаци и симптоми
Болката во грбот и отежнатото дишење се главните симптоми кои бремените жени ги имаат во 34-тата недела од бременоста. За околу две недели ќе започнат породилните болки кои ќе ја придвижат матката со бебето кон карлицата. Со текот на времето може да се појават и други симптоми, како дијареа и мачнини. Меѓутоа сите овие појави брзо ќе се смират.
Притисок надолу
Можеби сте забележале необично чувство на притисок надолу. Ова е предизвикано од тежината на Вашето бебе кое го притиска дното на карлицата. Овој притисок може да се зголеми по контракциите, бидејќи детето тогаш се движи кон долниот дел од карлицата. Ова можете сами да го ублажите со правење некои нежни вежби, како што е лулање од едната кон другата страна додека седите. Ова ќе го опушти Вашиот карличен прстен и околното ткиво, спречувајќи напнатост во оваа област.
Лажни или вистински контракции?
Треба да ја спакувате Вашата торба за породување и да ја поставите на безбедно место пред да започнат лажните контракции, бидејќи многу идни родители не се сигурни дали тоа се лажни или вистински контракции. Кога се работи за прва бременост, родителите вообичаено веднаш одат во болница, од каде ќе ги вратат бидејќи се работи за „лажна узбуна„. Но не се грижете ако е ваков случајот – всушност ова е одлична пракса за голетиом ден кога ќе започне породувањето.
Прашања кои сакате да му ги поставите на Вашиот лекар
Перинеален засек/инцизија (епизиотомија)
За да ја намалите веројатноста за руптура на перинеумот или засек на перинеумот, можете да го масирате перинеумот со кружни движења со висококвалитетно масло или специјално масло за масажа на перинеумот во последните недели од бременоста. Го релаксира ткивото, правејќи го помеко и пофлексибилно, па полесно се опушта кога ќе помине главата на Вашето бебе.
Што ако моето бебе не сака да се сврти?
Понекогаш е доволно мајката да ја промени положбата и со нежни движења да ги кревате колковите нагоре и надолу. Ова му предизвикува нелагодност на Вашето бебе и можеби ќе се сврти.
Светлината исто така може да го предизвика Вашето бебе да се сврти. За да го пробате, треба да бидете во темна средина – на пр. под ќебе. Потоа земете светилка и насочете ја на дното на стомакот. Вашето дете ќе ја види светлината и може да се сврти кон неа.
Друг метод препорачува користење на звук за вртење на бебето. Земете мало ѕвонче и врзете го на појасот за да може да ѕвони кога и да се движите. Вашето бебе ќе се заинтересира да го пронајде потеклото на овие звуци, што би можело да го предизвика Вашето бебе да се сврти.
Вашиот лекар сигурно ќе има повеќе совети и трикови кои ќе ви помогнат да ја промените положбата на Вашето бебе и да спречите покомплицирано раѓање или царски рез.