Skip to main content

Гестациски недели:

24-та гестациска недела: Вашето бебе сега e долго колку Вашата подлактица

Големина на Вашето бебе во 24-тата недела од бременоста

Во 24-тата недела, Вашето бебе е со должина од 30-31 cm, отприлика колку една краставица. Тoa тежи помеѓу 600 и 700 грама, така што се се  поблиску до тежина од цел килограм.

И покрај ова, Вашето бебе сè уште има многу простор да се движи наоколу. Ќе можете деноноќно  да ги почувствувате неговите движења низ  стомакот.

Целата оваа активност игра клучна улога во учењето  на човечките типични движења и во развојот на мускулите. Исто така, бебето ќе развива се повеќе  масно ткиво за да ја зголеми тежината која ќе му биде потребна пред раѓањето.

Некои жени дури добиваат и модринки на стомакот како резултат на клоцањето на нивното бебе - иако тие сè уште нема да бидат особено видливи, ќе ги почувствувате во бубрезите, мочниот меур и желудникот. Тоа е најјасен показател дека Вашето бебе е се поголемо.

Развој на Вашето бебе

На Вашето бебе му е многу удобно во Вашиот стомак. До 24-тата недела, сетилните системи се „подготвени за примање“ и тоа сè повеќе ќе реагира на звуците што ги слуша во матката. Всушност, сега има одредени звуци со кои тоа е опседнато и на кои реагира особено силно: Вашиот глас, на пример, е клучен стимул и ќе биде негова референтна точка во раните години. Пред неколку години, научниците открија дека првиот крик на новороденчето е многу сличен на гласот на неговата мајка, што јасно покажува колку е интензивно чувството за контакт помеѓу детето и првата личност што некогаш ја запознаваат.

Ова е еден од начините на кој се создава врската со мајката, личноста која ќе им даде љубов и храна,  што е потребно уште од првиот ден надвор од матката.

Меѓутоа, не се развива само слухот толку брзо: нивното сетило за вкус, кое веќе може да прави разлика помеѓу киселите, горчливите и солените материи во плодовата вода, сега може да ги препознае и слатките материи. Ова е почеток на желбата за слатка храна која ќе биде многу забележлива во раните години на Вашето бебе. Тоа значи дека сите сме родени со вродена желба за слатка храна, нешто што е предност уште од праисторијата – слаткото значи неотровно и високоенергетско, и со самото тоа е важно за опстанокот на човекот. Понатаму, првата храна на Вашето бебе, Вашето мајчино млеко, исто така има сладок вкус. На новороденчињата им треба млечниот шеќер (лактоза) за да ја регулираат нивната телесна температура користејќи го инсулинот што го произведува нивниот панкреас.

Како се чувствува идната мајка во 24-тата недела од бременоста

Ќе можете да почувствувате дека Вашето бебе брзо расте. Тоа ќе го бара целото Ваше внимание во Вашиот растечки стомак, затоа одвојте време да ги  разгалите Вашите сетила. Исто така, добра идеја е да го вклучите партнерот додека се подготвувате за проширување на семејството, а има многу начини на кои можете целосно да уживате во ова посебно време заедно.

Вообичаени знаци и симптоми

Во оваа фаза од бременоста, симптомите кои може да се појават (кои се привремени и влијаат на дигестивниот тракт) се резултат на растот на матката.

Гадење и киселини

Најчести симптоми во 24-тата недела се киселини и гадење. Веројатно ќе почувствувате гадење ако јадете премногу тешка храна одеднаш, бидејќи Вашиот желудник сега е помал и може целосно да обработува само помали количини храна. Затоа, добра идеја е да ги прилагодите оброците така што ќе јадете помалку месо и повеќе зеленчук.

„Жиговината„ или позната како киселина (предизвикана од рефлукс на киселина од желудникот до грлото) можете да ја спречите со исправено седење додека јадете и со пиење чаша вода со секој залак за да ја направите киселината во желудникот помалку агресивна.

Совет од акушерка

„Сокот од морков и додатоците во исхрана можат да ги ублажат симптомите.“ Dorothee Kutz, акушерка

Важни совети

  • Кога Ви се јаде месо, обидете се наместо тоа да јадете риба. Рибата полесно се вари и обезбедува важни омега 3 масни киселини, кои се важни за развојот на мозокот на Вашето бебе.
  • Носете удобни чевли кои лесно можете да ги облекувате и соблекувате - постепено ќе станува потешко да се наведнувате.
  • Вклучете го партнерот, на пр. со тоа што ќе побарате од него да Ве измасира.
  • Започнете да размислувате за декорирање и опремување на собата на бебето – на почетокот нема да ви треба многу, веројатно само креветче до креветот и маса или површина за менување пелени.
  • Секогаш имајте со вас шише со вода кога сте на прошета или некаде излезени.

Прашања кои сакате да му ги поставите на Вашиот лекар

Регулирање на дигестија

Ако страдате од запек и вообичаените совети (како што се пиење многу течности и вежбање) не даваат ефект, прашајте го Вашиот лекар за соодветни  начини да му помогнете на Вашиот дигестивен систем. За време на бременоста, исклучително е важно да се добијат сигурни, стручни совети за методите или производите кои се соодветни и оние кои треба да ги избегнувате. 

Информации за авторот:

Juliane Jacke-Gerlitz е регистрирана медицинска сестра. Повеќе од десет години таа ги советува мајките и доилките. Моментално работи како медицински писател и психолошки консултант. Juliane Jacke-Gerlitz е во брак 22 години, мајка е на осум деца и живее со нејзиното семејство во Halle.