Skip to main content

Гестациски недели:

6-та гестациска недела: Вашето бебе сега може да се види на ултразвук

Големина на Вашето бебе во 6-тата недела од бременоста

Во 6 -тата недела, ќе можете јасно да го видите Вашето бебе на ултразвук како мала грутка во амнионската ќеса, која ќе се појави како јасно дефинирана црна празнина. Оваа грутка ќе расте од недела во недела, но засега е со големина од околу 3-4 милиметри (приближно колку зрно леќа).

Развој на Вашето бебе

Малото срце на чука забрзано и ако знаете што треба да видите, ќе можете да го забележите задниот дел (кој со текот на времето ќе го формира грбот) и нишката што ќе им го формира рбетот. 

Оваа нишка се спушта од вратот и се раздвојува во две одвоени „гранки“ кои ќе ги формираат нозете на Вашето бебе. Сега таа завршува пониско надолу како мала опашка - како што би очекувале да ја видите кај животните - која подоцна ќе исчезне.

Во оваа фаза, лекарот на ултразвук може да открие дали сте бремени со близнаци. Во тој случај ќе се слушаат отчукувања на 2 мали срца во матката. 

Во првите неколку недели од бременоста главата на Вашето бебе е релативно голема во споредба со остатокот од телото, бидејќи главата мора да се развива за во неа да се смести мозок, кој ќе го контролира понатамошниот раст.

Приказот за оваа мала личност, вклучувајки ја и секоја фаза од развојот, детално е утврден при оплодувањето.

Во текот на првите неколку недели од бременоста, Вашето бебе е особено осетливо на нарушувања, бидејќи тогаш му се развиваат клучните и фундаменталните структури. Штетните надворешни влијанија може да предизвикаат долгорочно оштетување на Вашето дете во оваа рана фаза, така што ризикот од спонтан абортус за жал сè уште не е завршен.

За да се осигура дека плодот добива сè што му е потребно за време на бременоста, сега се формираат плацентата и папочната врвца. Папочната врвца е линијата за снабдување од плацентата до Вашето бебе, давајќи му се што му е потребно и се поврзува со неговото тело на местото каде што ќе се создаде неговиот папок по раѓањето кога ќе се пресече папочната врвца. Ова значи дека папокот е мала лузна, траен знак за тоа како  некогаш било поврзано со Вас, иако по раѓањето нема некоја посебна улога.

Како се чувствува идната мајка во 6-тата недела од бременоста

Сè уште ќе се чувствувате како да носите цела вреќа од емоции на Вашиот грб - исклучително е тешко да сфатите се што се случува во Вашето тело. Во 6-тата недела секакви мисли ќе Ви се поминуваат низ главата за Вашето дете и бременоста која допрва започнува. Во оваа фаза, не знаете што Ве очекува, но Вашиот инстинкт ќе Ви помогне да направите се што можете за да бидете сигурни дека Вашето дете расте здраво.

Вообичаени знаци и симптоми

Хормонални промени

Хормоналните промени предизвикуваат голем број на симптоми кои ќе траат во текот на целиот прв триместар, односно до крајот на третиот месец од бременоста. Честите симптоми вклучуваат утринска мачнина, проблеми со срцето и болки во градите, како и чувство на замор и безволност. По три месеци, Вашето тело ќе се навикне малку повеќе на промените што се случуваат, а симптомите кои ги имате во првиот триместар би требало да исчезнат.

Некои жени имаат многу силни симптоми, додека други имаат само благи симптоми, а некои дури немаат никакви симптоми. Исто така, можно е да не почувствувате гадење во првите три месеци. Симптомите и нивната тежина може да се разликуваат и тие во голем степен зависат во од Вашата психолошка состојба, иако приспособливоста на Вашето тело исто така игра важна улога.

Болки во стомакот

Други симптоми на бременост во текот на првите неколку недели може да вклучуваат чувство на влечење во стомакот, остри или тапи болки, како и болки во желудникот. Тоа е затоа што лигаментите кои ја држат вашата матка се растегнуваат, за да се  прилагодат на растечката матка додека бременоста напредува. Згуснувањето на заштитните секрети во грлото на матката, понекогаш може да резултира со зголемен вагинален исцедок, што е нормално под услов да нема непријатен мирис и да има чиста или млечно бела боја.

Важни совети

  • Ако не носите редовно градник, сега се препорачува да го носите постојано бидејќи тоа ќе ви помогне да се намали болката во градите.
  • Погрижете се да јадете многу свежо овошје и зеленчук. Витамините Б6 и Б12, фолната киселина, железото, цинкот и магнезиумот се исклучително важни во моментов.
  • Ароматерапијата може да биде многу корисна ако се чувствувате замор и мачнини – дознајте кои мириси најмногу ќе Ви помогнат.
  • Движете се доволно и бидете физички активни, на овој начин ќе го стимулирате телото и ќе Ви помогне да го избегнете заморот.

Прашања кои сакате да му ги поставите на Вашиот лекар

Знаци на потенцијален спонтан абортус

Болки во стомакот, чувство на затегање во стомакот и други болки во стомакот се знаци на бременост, но тие можат да се разликуваат во однос на интензитетот. Ако чувствувате зголемени или ритмички болки или ако крварите посилно отколку за време на менструацијата, ова може да биде знак за неминовен спонтан абортус. Како и секогаш во текот на бременоста, веднаш посетете го Вашиот доктор ако дојде до вакви симптоми или ако Вашите симптоми се нејасни.

Информации за авторот:

Juliane Jacke-Gerlitz е регистрирана медицинска сестра. Повеќе од десет години таа ги советува мајките и доилките. Моментално работи како медицински писател и психолошки консултант. Juliane Jacke-Gerlitz е во брак 22 години, мајка е на осум деца и живее со нејзиното семејство во Halle.