Гестациски недели:
13-та гестациска недела: Започнува индивидуалниот развој на Вашето бебе
Воглавно, Вашето тело до сега веќе се прилагодило на хормоналните промени. Симптомите кои ги искусивте во првите три месеци исчезнаа и се надеваме дека сега ќе можете во целост да уживате во бременоста. Вашето бебе сега има полни 12 недели и веќе влегувате во 13-тата недела, последната недела од првиот триместар.
Големина на Вашето бебе во 13-тата недела од бременоста
Вашето бебе сега ќе биде со големина помеѓу 6 и 7 cm, големина на едно киви. Тежината може да гиде околу 20 грама, речиси колку тежината на една јагода.
Развој на Вашето бебе
13-та недела претставува чекор во растот на Вашето бебе. Додека детето сега брзо се идолжува, неговите пропорции продолжуваат да се развиваат и прилагодуваат. Благодарение на ова детето поприма се повеќе и повеќе човечки карактеристики и наликува на новороденче. Неговото малечко лице продолжува да се обликува и сега ги добива генетските специфични облици од мајката и таткото, и на тој начин ќе биде видливо дека наследило по нешто од Вас двајцата.
Панкреасот сега произведува инсулин, хормон што му е потребен на човечкото тело за да го разгради шеќерот.
До 13-тата недела цревата на Вашето бебе се исто така на својата позиција и се подготвени за низ нив да преминуваат супстанции. Штом бебето ќе започне да голта плодова вода, супстанциите ќе почнат да се преработуваат во дигестивниот систем.
Бебето сеуште има доволно место во Вашата матка за импресивна гимнастика, а својот рефлекс за цицање ќе го вежба со цицање на палецот. Се повеќе ќе се врти кон абдоминалниот ѕид чувствувајќи ги дразбите однадвор и ќе почне да реагира на Вашите контакти. Затоа би требало од време на време да ги ставате рацете на стомакот.
Како се чувствува идната мајка во 13-тата недела од бременоста
Не ги потиснувајте Вашите желби - сè додека вашата исхрана е урамнотежена во целина, можете да јадете од се по малку од она што го сакате!
Се уште имате доволно време за размислување и планирање на семејниот живот. однапред и да планирате за тоа што ќе се случува во иднина: има уште 27 до 29 недели пред да го земете Вашето бебе во раце. Ако Вашата бременост беше книга, досега ќе имавте прочитано третина.
Вообичаени знаци и симптоми
Виор од мисли
Многу работи ќе ви се вртат низ главата и нема да можете да престанете да размислувате за бременоста. Ќе сакате да научите од искуствата на жените кои веќе се мајки и да добиете увид во нивните мисли. Нешто друго со кое треба да се справите се реакциите на сите кои знаат за Вашата бременост, кои ќе се движат од разумни до помалку разумни коментари, а сите нивни аргументи и мислења ќе влијаат на Вас.
Слушајте што Ви кажува вашиот ум и тело и редовно одвојувајте време за да бидете сами со Вашите мисли. Не заборавајте да комуницирате со Вашето бебе со ставање на рацете на стомак – бебето сега може да почувствува и да одговори.
За жал, уште неколку недели нема да можете да го почувствувате движењето на бебето. Жените кои го очекуваат своето прво дете обично почнуваат да чувствуваат дека нивното бебе нежно се движи околу 18-тата недела.
Симптомите кои ги чувствувавте првите неколку недели се намалуваат
Сите овие надворешни влијанија можат да бидат многу загрижувачки и добро е што се чувствувате многу подобро, а симптомите од првите неколку недели од бременоста во голема мера исчезнаа. Но, од време на време сеуште може да почувствувате мало затегнување во стомакот (бидејќи Вашата матка постојано се зголемува, а лигаментите се истегнуваат), а Вашите гради и понатаму ќе бидат чувствителни и болни.
За среќа, постојат едноставни, нежни начини за ублажување на овие симптоми. Еден од најкорисните е да бидете сигурни дека сте мирни и опуштени. За да го постигнете ова, соодветно е да правите вежби за опуштање како што се популарните јога вежби или пак конкретни вежби за бремени. Сега е време да откриете што е добро за Вас и Ви помага за одржување на баланс.
Прашања кои сакате да му ги поставите на вашиот лекар
Детална дијагноза
Во текот на прегледот, Вашиот лекар ќе обрне големо внимание на големината на различните делови на Вашето бебе. Еден важен дел од нивниот развој кој сега може да се измери е нешто што се нарекува нухален набор, акумулирана течност (лимфа) во поткожното ткиво на нухалната регија, односно во пределот на задниот дел на вратот на фетусот. Во наредните недели оваа пукнатина целосно ќе исчезне. Количината на ткивна течност покажува дали Вашето бебе има зголемен ризик за хромозомски абнормалности (пр. Даунов синдром) или вродена срцева мана. Нухалниот набор воглавно се мери со абдоменален ултразвук, многу ретко со вагинален. Мерењето е дел од редовниот гинеколошки преглед на трудницата, не е болно и опасно, ниту за мајката ниту за детето.
Токсини од Вашиот дом, Вашето непосредно опкружување и пошироката околина
Боење на косата
Сè повеќе жени стануваат свесни за проблемот за бојадисување на косата во текот на бременоста и токсичните хемикалии во многу од боите. Иако многу жени мислат дека фарбањето на косата е безопасно, женската клиника Штраубинг во Германија советува да не се прави тоа поради високиот капацитет на апсорпција на скалпот. Се советува да избегнувате боење во првите три месеци од бременоста, бидејќи скалпот многу добро ги апсорбира штетните токсични материи и на тој начин може да ги пренесе преку крвотокот на Вашето бебе. Природните бои за коса се добар компромис (иако за жал ги нема во русокосите), а друга опција е да ги боите прамените коса не поблиску од 2 см од вашиот скалп.
Производи за чистење во домаќинството
Најдоброто нешто што треба да направите ако не сте сигурни дали е безбедно да ги користите производите за чистење што ги имате дома е да го прашате Вашиот лекар, бидејќи тој мможе да Ви каже кои состојки во производите за чистење во домаќинството можат да му наштетат на ембрионот или фетусот. Ако сè уште не сте убедени, користете природни, органски производи за чистење.
Други хемикалии
Истото важи и за производите што ги користите во градината. И овде се советува да бидете внимателни. Најдобро е да не користите хемиски средства за уништување на троскотот. Доколку правите внатрешно уредување на домот пред да пристигне бебето, најдобро е да ги замените хемиските зидни бои и лакови за дрво со природни производи како што е на пр. пчелниот восок.