Skip to main content

Гестациски недели:

22-ра гестациска недела: Вашето бебе е со двојно помала должина отколку кога ќе се роди

Големина на Вашето бебе во 22-рата недела од бременоста

Вашето бебе сега е со должина од околу 28 cm, отприлика половина од должината која ќе ја има кога ќе се роди. Сега е долго приближно колку  кочан од пченка. Со телесна тежина од 430 до 475 грама, сега е тешко речиси половина килограм. До моментот на раѓање детето уште многу ќе добива на тежина. Ова е многу важно за да може Вашето бебе да продолжи здраво да се развива и надвор од матката.

Развој на Вашето бебе

Во 22-рата недела, Вашето бебе изгледа како што ќе изгледа новороденчето по раѓањето, само што е многу помало и послабо. Развојот на слоевите  кожа  е речиси завршен. Сепак, кожата е набрана – ова е како резултат на недостаток на поткожно масно ткиво. Ова ткиво ќе се создаде во следните неколку недели, бидејќи Вашето бебе поприлично ќе се здебели.

Влакната на телото сега веќе се пораснати. Косата на главата, трепавиците и веѓите веќе се такви како што ќе бидат на самото раѓање. Разликата е во тоа што косата сега изгледа налик на нежна бела косичка. Тоа е затоа што сеуште во целост недостасува пигментацијата која ќе им даде боја на косата и кожата.  

Во забниот гребен, веднаш под непцата, почнуваат да се развиваат првите млечни заби. Тие ќе се појават кога бебето ќе наполни помеѓу 6 и 9 месеци.

Екстремитетите на Вашето бебе (рацете и нозете) се во правопропорционални со остатокот од телото. После 22-рата недела од бременоста,  бебето побавно ќе расте во должина, но побрзо ќе добива на тежина. 

Количината на масно ткиво во телото на бебето се зголемува многу брзо, и ова е од особена важност за да му  овозможи регулирање на телесната топлина по раѓањето. Тоа е комплициран процес, во кој бебето ги претвора мастите во енергија, и така се произведува топлина.

Вашето бебе исто така апсорбира важни антитела од Вашиот крвоток за да го изгради својот имунолошки систем, кој ќе му помогне да се бори против инфекциите, да остане здраво и да напредува откако ќе се роди. Ова значи дека малите инфекции како настинката всушност можат да бидат и добра работа за време на бременоста, бидејќи антителата кои ги произведувате се корисни за исто имунолошкиот систем на бебето.

Како се чувствува идната мајка во 22-рата недела од бременоста

Во 22-рата недела од бременоста веќе можете јасно да ги почувствувате движењата на Вашето мало бебе. Кога ќе ика, ќе почувствувате како еден вид на ритмичко грчење. Дури и членовите на Вашето семејство наскоро ќе можат да ги почувствуваат движењата со поставување на рацете на Вашиот стомак. Понекогаш едвај ќе го почувствувате, а некогаш може нема и воопшто да го почувствуват но тоа не треба да ве загрижува. Искористете го времето кога бебето не се движи наоколу: следува период на голем раст кој значително ќе ги промени работите.

До сега сигурно веќе сте добиле некој килограм плус. Тоа е сосема нормално бидејќи и бебето секако расте во Вашиот стомак. Во следните месеци ќе добиете уште неколку килограми плус. Килограмите се распоредуваат по стомакот, колковите, градите и задникот, каде што се таложат  женските масни резерви. 

Зголемувањето на телесната тежина на бремените редовно се контролира на месечните гинеколошки прегледи. Ова е важен показател за правилниот развој на бременоста и детето. Не се грижите за зголемените килограми – уживајте во бременоста.

Вообичаени знаци и симптоми

Вашето тело сега работи напорно за да се подготви за времето по породувањето кога ќе го храните бебето. Најјасен знак за тоа се Вашите гради, кои се поголеми од пред неколку недели и ги чувствувате поинаку. Многу е веројатно дека тие ќе бидат болни, а кожата ќе почне да се растегнува.  Дали сте пробале HiPP Mamasanft путер за тело? Ќе ја омекнат Вашата кожа со што растегнувањето на кожата ќе се одвива полесно и без траги. 

Вашите гради се подготвуваат за да го хранат Вашето бебе

Вашите гради сега на посебен начин се прилагодуваат на својата функција за доење. На ареолите се појавуваат мали испакнатини наречени Монтгомериеви жлезди. Тоа се жлезди кои се одговорни за грижа на брадавиците во текот на доењето земајќи во предвид дека доењето многу го оптеретува ткивото на брадавиците. Монтгомериевите жлезди произведуваат масна течна супстанција која го смирува ткивото околу брадавиците, го прави еластично и помага да се спречи појава на рани. Ако забележите дека оваа супстанца протекува, можете едноставно да ја раширите преку Вашите брадавици со прстите, но често нема ни да знаете дека тоа се случува - мајката природата го прави тоа наместо Вас.

Болка и видливи сини вени на вашите гради

Поради зголемениот проток на крв во ткивото на Вашите  млечни жлезди, сините вени стануваат  видливи или пак јасно се испакнуваат под кожата.  Ова не е причина за загриженост. Градите сега имаат потреба од дополнителна нега. Лесни масажи со кружни движења помагаат против болката. Најдобро би било да користите на пр. масло од лаванда, бидејќи ја смирува болката и ја прави Вашата оптегната кожа поеластична. Градникот би требало да им пружа поддршка на градите, но прерамките не би требало да се вдлабнуваат во Вашите рамена. Доколку сакате, сега веќе можете да пробате градник за доење. Ако болките се многу силни можете да ги намалите со ладни облози. Постојат влошки за ладење и истите можете да ги користите и во перидот на доење.   

Совет од акушерка

„Постојат различни видови на помош од домаќинството, како што е кваркот, кој содржи есенцијални масла кои можат да ви помогнат во периодот на доење. Внимавајте да ги негувате само градите, не и брадавиците. Нив треба да ги негувате со посебни производи кои нема да му наштетат на бебето во текот на доењето.“ Dorothee Kutz, акушерка

Важни совети

  • Користете производи за нега на кожа за да ја одржувате мазна и еластична.
  • Почнете да барате педијатри во Вашата околина.
  • Носете удобни градници што дишат (можеби сакате да почнете да носите градник за доење токму сега).
  • Задолжително носете удобна облека која му дава доволно слобода на Вашиот стомак.

Прашања кои сакате да му ги поставите на Вашиот лекар

Избор на вистинските пелени

Откако ќе се породите, ќе купувате пелени за Вашето бебе во следните 2 години и можеби и подолго. Постојат различни видови на  пелени, а можете да изберете помеѓу платнени пелени, пелени за еднократна употреба или пак комбинација од двете. Ако изберете пелени за еднократна употреба, проверете дали се меки и нежни за кожата на Вашето бебе. Вашиот педијатар или патронажна сестра може да Ви дадат корисни  совети за пелените.

Совет: Ако сега размислувате да купите пелени, едно или две пакувања ќе бидат доволни. Не знаете колку ќе биде големо и тешко Вашето бебе, а ќе дојде време за следната големина порано отколку што мислите!

Ако веќе не сте го направиле тоа, почнете да размислувате каде сакате да се породите

Нормално ќе имате можност да изберете каде сакате да се породите. 

Разговарајте со Вашиот лекар за добрите и лошите страни на секоја опција. Исто така, добра идеја е да разговарате со другите мајки за тоа што правеле и за нивните искуства од породувањето.

Информации за авторот:

Juliane Jacke-Gerlitz е регистрирана медицинска сестра. Повеќе од десет години таа ги советува мајките и доилките. Моментално работи како медицински писател и психолошки консултант. Juliane Jacke-Gerlitz е во брак 22 години, мајка е на осум деца и живее со нејзиното семејство во Halle.