Гестациски недели:
Први знаци на бременост: Што да очекувате во 1-вата и 2-рата гестациска недела од бременоста
Првата недела од бременоста започнува на првиот ден од Вашиот последен менструален циклус. Ако забремените во текот на овој циклус, тогаш започнува првиот месец од Вашата бременост.
Што се случува во текот на бременоста
Бременоста трае околу 40 недели или 10 месеци, во текот на кои Вашето дете расте и добива се што му треба за да преживее кога ќе биде надвор од Вашата матка. По 38 или 40 недели, се случува природниот процес - раѓање на Вашето дете и негово одделување од Вашето тело.
Сепак бременоста не е поделена само на недели и месеци, туку и на триместри, периоди кои траат по три месеци. Ова значи дека нормалната бременост е сочинета од три триместри, од кои последното трае до породувањето. Неделите од 1 до 13 го сочинуваат првиот триместар, неделите 14 до 27 го сочинуваат вториот, и третиот триместар започнува од 28-мата гестациска недела и трае се додека не се роди Вашето дете.
Оплодување: од овулација до имплантација
Во првата гестациска недела (т.е. првата недела од Вашиот менструален циклус), започнува менструацијата. Секој циклус започнува со менструација, со времетраење и интензитет како и вообичаено.
Сите овие процеси се контролирани од женските хормони, чија цел е да им овозможат на луѓето да се размножуваат и да го осигурат опстанокот на нашиот вид. Овие процеси се често склони на неуспех и затоа, жените кои сакаат да имаат бебе треба да обратат внимание на неколку работи и да обезбедат ниво на смиреност во нивниот секојдневен живот.
Во втората недела од бременоста, Вашите јајце клетки созреваат во јајниците и слузницата на матката постепено се обновува (слузницата од минатиот циклус по пат на менструација е отстранета од матката). Повторното обновување на слузницата е неопходно за да овозможи поволни услови за имплементација на јајце клетката откако ќе биде оплодена. Овој процес се повторува во секој менструален циклус кај жените кои се во репродуктивна возраст, без разлика дали сакаат да забременат или не.
Во последните денови од менструацијата се намалуваат болката и количината на крварењето.
На крајот на втората недела, околу 14 дена по менструацијата, многу жени овулацијата ја приметуваат како болка на левата или десната страна, а понекогаш и на средината на стомакот. Страната од која доаѓа болката, означува кој јајник овулира т.е. ја ослободува јајце клетката – левиот или десниот. Понекогаш болките може да се појаки, предизвикани од блага иритација на стомачната мембрана.
Подготовка за бременост
Јајце клетките кои созреваат секој месец за оплодување се подготвуваат за ова три месеци пред да бидат ослободени од јајниците. За да може да се случи ова созревање на јајце клетките потребен е стабилен хормонски циклус и здраво тело. За овој процес на созревање не се потребни само хормони, витамини и минерали, туку и здрави масти. Токму поради тоа, балансираната исхрана која содржи доволно здрави маснотии е клучна за да се произведе јајце клетка која може да биде оплодена.
Еднакво важен фактор е и животниот стил, кој треба да биде баланс помеѓу динамичниот и релаксиран начин на живот. Ова ја одржува стабилна хормоналната рамнотежа и со редовен сексуален живот за време на овулација, е најдобриот предуслов за успешен зачеток.
Приметите ги првите знаци на бременост
Иако нема медицински симптоми или знаци за бременост веднаш по оплодувањето, жените обично имаат инстинкт кој им го кажува тоа. Можеби ќе се чувствувате поинаку, како никогаш до сега, на пр. чувството на среќа или задоволство како да сте завршиле голема работа. Меѓутоа, ова само по себе не е сигурен знак дека сте бремени.
Генерално, знаци за бременост се поделени во три категории:
Ако ги забележите овие знаци, постои веројатност да сте бремени:
- Замор
- Болни гради
- Гадење
- Метален вкус во устата
- Остри болки во стомакот
Ако ги забележите овие знаци, најверојатно сте бремени:
- Чувствителни брадавици и темни ареоли
- Редовно гадење и повраќање
- Постојано покачена температура
Ако ги забележите овие знаци, скоро сигурно сметајте дека сте бремени:
- Не добивате менструација
- Постојано гадење
- Болни гради и чувствителни брадавици
Медицинска потврда за бременост:
- Откривање на хормонот на бременост HCG во урината или во крвта
- Потврда со ултразвук од страна на лекар
Поединечните симптоми од првите две листи нема да Ви потврдат со сигурност дека сте бремени, но може да предизвикаат сомнеж. Доколку имате повеќе симптоми истовремено, во тој случај тестот за бременост би бил добра идеја. Само ако искусите повеќе симптоми додека растат Вашите сомнежи, можеби е добра идеја да направите тест за бременост.
Откако ќе бидете сигурни дека сте бремени, може да се пресмета датумот на породувањето. Формулата е едноставна: Првиот ден од Вашата последна менструација минус 3 месеци плус 1 година.
Големината на Вашето бебе во 1-вата и 2-рата недела од бременоста
Во текот на првата и втората недела ембрионот сеуште не може да се види, бидејќи плодот сеуште не почнал да се развива во Вашата матка. Дури во 3-тата недела на ултразвук може да се види многу мал ембрион.
Развој на Вашето бебе
Терминот “ембрион” се користи како опис за оплодена јајце клетка од 4-тата гестациска недела. Отприлика од околу 10-тата недела, кога се формирани виталните органи, Вашето дете повеќе не се нарекува ембрион и се користи изразот фетус.
Можеби Вие веќе му се обраќате на Вашето неродено дете нагалено со кикиритка или нешто слично - и тоа е одлично! Можеби е подобро да ги избегнуваме медицинските термини како “ембрион”или ”фетус” колку повеќе можеме, и наместо така ќе зборуваме за Вашето бебе односно неродено дете.
Јајце клетката која созреала за да биде оплодена од машкиот сперматозоид во оваа фаза е со големина помеѓу 0.11 mm и 0.14 mm, што значи дека не може да биде детектирана без користење на технологија. Таа ја содржи целата Ваша генетска информација и затоа е многу важен дел од развојот на ембрионот.
Прашања кои сакате да ги поставите на Вашиот доктор
Дури и пред овулацијата и пред да знаете со сигурност дека сте бремени, жените кои сакаат да забременат имаат безброј прашања. Вашиот доктор или патронажна сестра можат да Ви помогнат околу Вашите најголеми грижи.
Вашиот гинеколог може да ја потврди Вашата бременост и да се погрижи за сите потребни прегледи, како проверка на крвниот притисок, мерење на тежината, испитувања на крвта и урината, одредувања на позицијата и големината на Вашето бебе и проверка на нормалното работење на срцето.
Кога е најдоброто време за успешно оплодување?
Ако Ви е познато со се што се случува Во Вашето тело, тогаш можеби сте ги забележале симптомите кои ви укажуваат дека овулирате. Но секако би било добро да знаете кое е вистинското време за зачнување.
Постојат неколку начини како со сигурност да знаете кога овулирате. Секој месец Вашето тело ја подготвува Вашата матка во случај една од Вашите јајце клетки да биде оплодена и да биде имплантирана во ѕидот на матката.
Пред тоа, јајце клетката созрева во еден од јајниците и се ослободува помеѓу 14 и 17 ден по првиот ден од Вашата менструација, и овој процес се нарекува овулација.
Еден од начините за да дознаете дека ова точно се случува е да ја измерите Вашата температура. Базалната температура на жената се покачува за време на овулацијата и останува повисока од обично се до крајот на овулацијата, а температурата може да ја мерите со специјален термометар кој брои до две децимали.
Еднакво релевантен метод е да ги броите деновите по првиот ден од Вашата менструација. Правејќи го ова и мерејќи ја базалната температура (која може да се следи како крива) ќе Ви помогне да дознаете кога овулирате со сигурност.
Дали е важно да имам сексуални односи пред овулацијата ако сакам да останам бремена?
Да! Најдоброто време за сексуални односи е два дена пред овулацијата. Нивоата на pH во Вашата вагина и секрецијата од Вашиот цервикс се идеални за да му овозможат на машкиот сперматозоид да помине низ јајцеводите во времето кога овулирате. Сперматозоидот може да преживее и да биде способен за оплодување на јајце клетката за околу 48 часа по влегувањето во женското тело.
Бидејќи обично не знаеме кога овулираме, би требало да имате сексуални односи често во Вашите плодни денови ако сакате да ги зголемите шансите да забремените – што почесто тоа подобро. Интересен факт: дури и, иако е здрава, плодната двојка има сексуални односи во текот на плодните денови на жената, веројатноста за забременување е само 25%! Затоа, не се разочарувајте ако не успее од прв пат. Многу двојки поминуваат месеци обидувајќи се, пред тоа да се случи.