Skip to main content

Гестациски недели:

11-та гестациска недела: Органите на Вашето бебе го добиваат својот облик

Големина на Вашето бебе во 11-тата недела од бременоста

Малото бебе во Вашиот стомак сега е со големина помеѓу 3,7 и 4,1 cm, со тежина околу 8 грама и има приближно ист дијаметар како лиметата – сеуште е  многу мало, но дефинитивно видливо. Во текот на следните неколку недели, тоа брзо ќе стане многу поголемо.

Развој на Вашето бебе

Сега започнува најинтезивната фаза од растот на Вашето бебе. Неговата должина се зголемува толку многу што тоа речиси ќе се удвои во следните три недели. Во 11-та недела органите на бебето почнуваат да ги развиваат своите сложени функции.  Неговите органи специфични за полот се исто така се поставени на своето место и ќе се развиваат понатаму во текот на следните неколку недели, иако ќе биде потребно извесно време пред да можете да знаете дали очекувате момче или девојче. Но сега станува се појасно дали очекувате само едно дете или близнаци.

Мрежата со која претходно беа споени прстите на рацете и нозете на Вашето бебе сега повеќе ја нема.  Сега тоа може да си игра со нив и да го става палецот во устата. Во 11-та недела, тоа исто така почнува да ги развива своите препознатливи човечки карактеристики: ушите, кои претходно беа поблиску до врвот на главата, сега се движат надолу кон средината, односно до местото каде што треба да бидат.

Формирањето на клетките создава различни слоеви на кожа која се повеќе се задебелува. Како резултат на тоа кожата е се помалку проѕирна. Во другиот слој од кожата, дермис, се развиваат корените за  косата, од кои во 13-тата недела од бременоста, се развиваат ситни влакненца, таканаречени лануго влакненца, која речиси целосно ќе го покриваат  телото на Вашето бебе и помогаат во заштитата. Секој корен има и лојна жлезда, која произведува масна, водоотпорна супстанција наречена vernix caseosa . Лануго влакненцата му помагаат на vernix caseosa да се залепи за телото и заедно играат важна улога: ја спречуваат нежната кожа на Вашето бебе да стане премногу мека во плодовата вода, тие дејствуваат како ефикасна топлинска изолација и нудат заштита од вибрации, звук и притисок. Вашето бебе ќе ја загуби оваа коса кон крајот на бременоста.

Како се чувствува идната мајка во 11-та недела од бременоста

Сега кога веќе сте во 11-тата недела од бременоста, би требало да се чувствувате многу подобро. Не би  требало повеќе да чувствувате гадење, а ризикот од спонтан абортус сега се сведува на минимум, поради што ќе се чувствувате многу поопуштени. Сега би можеле да почнете да размислувате кога и како да им ја соопштите на Вашето семејство и пријателите добрата вест, ако веќе не сте го направиле тоа. Сè уште нема очигледни знаци на бременост како што е труднички стомак, но доколку  ова е ваша втора или трета бременост, можно е да се приметува малку стомакот. Во секој случај, ќе почнете да ја зголемувате вашата телесна тежина бидејќи Вашето тело складира резерви масти. Не се грижете: по породувањето, со малку спорт или вежбање и здрава исхрана ќе се ослободите од тежината што сте ја добиле во текот на бременоста. Доењето исто така ќе ви помогне за да се вратите во форма бидејќи на Вашето тело ќе му биде потребно многу енергија која ќе ја користи од Вашите сопствени резерви на масти кои сега ги складира.

Вообичаени знаци и симптоми

Болки во грбот и болки во стомакот

Последните недели од бременоста може да бидат тешки, па затоа треба однапред да ја зајакнете својата сила и да останете во форма колку што можете повеќе. Чувството на истегнување во Вашиот стомак може да се појавува одвреме - навреме, и е предизвикано од растот во Вашата матка. Може да почувствувате и болки во грбот кога вежбате или кога седите или пак лежите на едната страна од телото, бидејќи Вашите тетиви сега се поопуштени и пофлексибилни за да се справат со зголемената тежина. Полесна спортска активност е ефикасен начин за да му помогнете на телото да ја врши својата работа и затоа зајакнете го телото и избегнувајте болки во мускулите, а постојат и специфични вежби кои можат да ја ублажат болката од одредени симптоми.

Самото породување не е лесна работа – ќе ви биде потребна сила, издржливост и истрајност. Токму поради тоа е многу важна физичката активност во текот на бременоста! Дали претходно бевте спортски активни? Ако да, тогаш продолжете така!* Ако не, добро е да започнете, но не претерувајте: одете на прошетки, пливање, вежбајте, јога и слично.

*Консултирајте се со Вашиот гинеколог за тоа кои спортови се соодветни и дали е добра идеја да продолжите со натпреварувачки спорт.

 

Болни гради

Натечени и болни гради, како и чувствителни брадавици, ова чувство ќе ве прати во текот на следните неколку недели. Овие симптоми ќе се намалат во средната на бременоста, бидејќи дотогаш Вашите млечни жлезди ќе се развијат уште  повеќе. Од тој момент, Вашите гради ќе бидат подготвени да ја исполнат својата улога кога ќе дојде време да го доите Вашето бебе.

Пирамида на исхрана за бремени жени и доилки

Прашањето за Вашата исхрана станува се поважно во текот на 11-тата недела, бидејќи на Вис и Вашето бебе ви требаат повеќе витамини, минерали и елементи во трагови. Вашиот лекар може да Ви  одговори на сите прашања што можеби ги имате и да Ве советува за исхраната.

Основата на Вашата исхрана како трудница, односно основата на пирамидата се пијалоците. Вода, незасладен или малку засладен чај, овошни и зеленчукови сокови се идеални.

Второто ниво на пирамидата, кое е многу важно за Вашата благосостојба и здравиот развој на Вашето бебе, се овошјето и зеленчукот, особено мешунките. Треба да јадете до шест порции овошје и зеленчук на ден - но не грижете се ако не можете да го јадете тоа секој ден, за некои жени тоа е премногу. 

Третото ниво се јаглехидратите и од нив треба да јадете пет порции дневно. Тие вклучуваат компири, леб и производи од житарици, ориз и тестенини (а  интегралното брашно е апсолутно добро доколку ви се допаѓа). Ова може да биде премногу за вас, па на крајот ваша одлука е што е добро за вас.

Четвртото ниво на пирамидата за исхрана на трудниците е млекото и млечните производи. Дневна препорака е три порции дневно во првите три месеци. Потоа, од четвртиот месец, се зголемува до четири порции на ден за да се задоволи зголемената потреба на Вашето тело за калциум.

Петтото ниво на пирамидата за исхрана е храна која треба да ја консумирате само во мали количини, вклучувајќи месо и риба како извори на протеини. Месото треба да има што помалку маснотии, и  препораката е да не е повеќе од два пати неделно. Никогаш немојте да јадете сирово месо и проверете дали е правилно зготвено пред да го јадете за да избегнете консумирање било какви патогени бактерии. Можете да јадете риба малку почесто - три пати неделно е апсолутно во ред.

Шестото ниво се мастите како што е путерот и маслата (при што маслата се подобри за вас од путерот). Една до две лажици дневно е препорачаната дневна доза за маснотии, а добар начин да ја добиете е како дел од мешана салата или кога пржите храна во тава. 

Седмото и највисокото ниво од пирамидата се луксузите како солената или слатката храна.

Совет од акушерка

„На почетокот многу жени имаат желба за солена, обилна храна. Не грижете се за тоа, и придружете се! Вашето тело обично ви кажува што му треба. Овие желби ќе поминат, а потоа можете да се фокусирате на поздраво јадење.“ Dorothee Kutz, акушерка

HiPP има низа совети и информации кога станува збор за здрава исхрана во текот на бременоста.

Важни совети

  • Пијте 2 литри течности дневно (по правило, по една чаша за секој час кога сте будни).
  • Немојте да пиете ист пијалок за да ја изгаснете  жедта - на пример, пробајте различни чаеви.
  • Купете готвач за бремени, кој ќе Ви даде многу креативни идеи и рецепти за урамнотежена исхрана.
  • Конзумирајте свежо овошје и зеленчук.
  • Размислете кога сакате да им ја соопштите прекрасната вест на Вашите најблиски

Прашања кои сакате да му ги поставите на вашиот лекар

Алергии на храна

Ако имате алергии на храна, прашајте го Вашиот лекар со што можете да ја замените храната која не смеете да ја јадете. Некои важни хранливи материи може да резултираат со деформитети ако не консумирате доволно од нив. Не грижете се - постои здрава алтернатива за речиси секоја храна, а Вашиот лекар може да ве упати кај нутриционист  доколку е потребно.

Информации за авторот:

Juliane Jacke-Gerlitz е регистрирана медицинска сестра. Повеќе од десет години таа ги советува мајките и доилките. Моментално работи како медицински писател и психолошки консултант. Juliane Jacke-Gerlitz е во брак 22 години, мајка е на осум деца и живее со нејзиното семејство во Halle.