Skip to main content

Гестациски недели:

36-та гестациска недела: Вашето бебе ја завзема положбата за раѓање

Вашето бебе сега е целосно развиено и ги има сите сетила што ќе ги користи од раѓањето. Ако Вашето дете се роди сега, тоа би било таканаречено  „касно  недоносено“ бебе, што значи дека веќе не се очекуваат компликации. Веќе следната недела (т.е. 37-ма недела) Вашето дете би можело да се роди како зрело новороденче.

Големина на Вашето бебе во 36-тата недела

Вашето бебе порасна уште еден сантиметар во матката од минатата недела и сега е долго 47 cm, колку зелка. Со околу 2700 грама, тоа се приближува до родилната тежина. Во следните недели пред раѓањето, ќе се зголетам и тежината и должината.

Развој на Вашето бебе

Во текот на последните неколку недели, Вашето бебе ги акумулира резервите на маснотии. Ова ќе му овозможи во голема мера само да ја регулира температурата на телото. По раѓањето, особено во првите денови од својот живот, сеуште ќе му треба многу топлина од мајката. Одржувањето на детето на топло по раѓањето е важно за малиот организам да ги губи „непотребно„ залихите од масти за одржување на телесната температура. На овој начин новороденчето би изгубило повеќе килограми отколку што губат по раѓањето.  Бебињата вообичаено губат помеѓу 5 и 10 проценти од нивната телесна тежина во првите неколку дена, бидејќи Вие произведувате само мали количини на колострум (иако е богат и полн со антитела) во овој период. Вашите гради потоа ќе се преплават и ќе произведете зрело мајчино млеко, кое содржи маснотии кои им се потребни за да ја зголемат  тежината.

Сите органи на Вашето бебе, неговиот мозок, сетилата, системот на спроводливост и рефлексите сега работат добро и на начин на кој е потребно за да може да преживее надвор од матката: на тој начин Вашето дете е подготвено за раѓање и живот  на новороденче. Бебето веќе речиси сигурно е наместено во положба за раѓање во 36-тата недела од бременоста и се движи кон долниот дел од  карлицата. Контракциите, кои селективно почнуваат отприлика од 36-тата недела од бременоста, активно го подржуваат овој процес и го доведуваат детето во родилниот канал. 

Ако очекувате близнаци, ќе биде малку поинаку: првиот близнак би требало да е во цефалична  положба (исто како да очекувате само едно бебе), а вториот близнак обично се наоѓа во положба до него. Во 45 проценти од близначките бремености,  двете бебиња се во нормална положба на раѓање едно до друго. Откако првиот близнак ќе помине низ тесниот породилен канал, следува вториот близнак - така што ќе има временска разлика помеѓу раѓањето на првиот близнак и раѓањето на вториот близнак.

Во 36-тата недела од бременоста, Вашето бебе интензивно го перципира светот надвор од матката,  слушајќи различни гласови и музика и јасно ја чувствува вознемиреноста на мајката. Затоа, важно е во оваа последна фаза од бременоста да се опуштите колку што можете, да се фокусирате на Вас и Вашето бебе и да собирате сила за  претстојното раѓање. Вашето бебе сега е во мал, затворен простор и така ќе остане додека не се роди. Како што велат, сега нема враќање назад. Поради положбата во која се наоѓа Вашето бебе, нема да се движи многу – што не значи дека не го осеќате, тоа едноставно собира сила за следниот голем чекор. 

Како се чувствува идната мајка во 36-тата недела од бременоста

Ако сметате дека е неопходно, сега ќе бидете внимателно прегледани од Вашиот лекар. Ќе имате прегледи на секои две недели наместо на секои четири недели, а чукањето на срцето на Вашето бебе редовно ќе се проверува. CTG (ако сакате) ќе го бележи чукањето на срцето и ќе покаже дали се започнати контракциите или не, додека нивната големина, тежина и сеопфатен развој може да се набљудуваат преку ултразвук или со чувство на Вашиот стомак.

Лекарот ќе биде особено заинтересиран за вашиот  крвен притисок, задржката на течности, тежината и големината на стомакот. Во 36-тата недела од бременоста, се препорачува и вагинален брис за  стрептокок од групата Б, бидејќи оваа бактерија може да му предизвика на Вашето бебе сериозна инфекција кога ќе помине низ родилниот канал. Ако брисот е позитивен, треба да се третира правилно пред да се породите.

Вообичаени знаци и симптоми

Чувство на зголемен притисок

Ако веќе сте имале лажни контракции, ќе  почувствувате поголем притисок врз карлицата. И Вашиот мочен меур ќе го почувствува притисокот,  бидејќи овие видови на контракции го придвижуваат бебето надолу кон Вашата карлица, така што тоа е во вистинската позиција за да се роди преку родилниот канал. Болката во грбот исто така може да се зголеми и може да забележите млечен исцедок. Ова доаѓа од слузниот чеп во грлото на матката, но сè уште не е знак дека чепот целосно исчезнал и дека раѓањето е започнато (како што мислат многу луѓе). Ако притисокот врз карлицата е преголем за да го поднесете, постојат вежби кои можат да ви помогнат да го опуштите дното на карлицата и да спречите напнатост.

Придобивката од лажните контракции е тоа што ќе Ви биде полесно да дишете, бидејќи вашите бели дробови повеќе не се притиснати од вашата матка. Ова ќе направи да се чувствувате послободни, ќе Ве поттикне да се движите малку повеќе и ќе Ви помогне да спиете.

Важни совети

  • Ако чувствувате прекумерен притисок на карлицата, движењето на колковите со кружни движења може да помогне да се опуштите и да го намалите притисокот.
  • Носете природни влошки за гаќички без мирис ако имате исцедок или стресна инконтиненција.
  • Разговарајте за сите Ваши претстојни прегледи со Вашиот лекар и уверете се дека знаете што да правите ако не сте сигурни за нешто.
  • Прашајте го Вашето семејство и пријателите дали можат да Ви помогнат на кој било начин во првите неколку дена и недели по раѓањето, особено ако веќе имате деца. Ова ќе Ви овозможи да ја фокусирате целата Ваша енергија на бебето, да се поврзете со него и да научите како да ги задоволите неговите потреби. Се разбира, ќе Ви треба и многу одмор по породувањето.

Прашања кои сакате да му ги поставите на Вашиот лекар

Редовно мерење на крвниот притисок

Бремените жени имаат повисок крвен притисок поради хормоните во телото и потребата да го  снабдуваат своето бебе со хранливи материи. Вашето отчукување на срцето и пулсот се исто така повисоки, за да може повеќе крв да се  транспортира низ Вашето тело.

Методот Riva-Rocci, именуван по неговиот пронаоѓач, ја опишува процедурата и опремата за мерење на крвниот притисок. Редовните прегледи  за време на бременоста осигуруваат вашето бебе да  ги добива хранливите материи и виталниот  кислород кој им е потребен од Вашата крв.

Мерењето на крвниот притисок им овозможува на лекарите да видат дали Вашето тело е преоптоварено или дали имате акутна состојба, што често може да се случи од 36-тата недела од бременоста. Ако имате такви компликации, тоа значи дека Вашето бебе не го добива она што му треба и Вашето здравје може да е загрозено.

Затоа, важно е Вашиот лекар редовно да го мери Вашиот крвен притисок (RR) и да води евиденција за тоа како мерка на претпазливост за да се предвидат некакви можни компликации кои би  произлегле од Вашата бременост.

Информации за авторот:

Juliane Jacke-Gerlitz е регистрирана медицинска сестра. Повеќе од десет години таа ги советува мајките и доилките. Моментално работи како медицински писател и психолошки консултант. Juliane Jacke-Gerlitz е во брак 22 години, мајка е на осум деца и живее со нејзиното семејство во Halle.